Злато

Дозо.

И ете ја таа трча од едниот крај на салата до другиот. Се поклонува до земја и почнува да вежба со напредните ученици. Има само една цел. Да научи што повеќе.
Мислите дека е лесно да се истрчаат тие 10 метри?
Не е. Во тој трк треба да го изгазите сопственото его под нозе. Да го смачкате и уништите. Пробајте ако не ми верувате. Направете го истото и ќе видите дека не е толку лесно.

Е да, некој ќе помисли, „таа е мала, не размислува, не знае уште ништо и затоа и е лесно да го направи тоа“.

Можеби, но тоа не е изговор за да претпоставиме дека тоа нема да го прави и во иднина. Да и дадеме шанса. Времето ќе покаже. Дотогаш…

Кога ќе те погледне в лице, кога тивко ќе побара нешто, кога очите ќе и се наполнат со солзи, чувствуваш дека мораш да најдеш начин како да и помогнеш.

Родителите сигурно се гордеат со неа. Јас се гордеам со неа. Буџинкан Македонија се гордее со неа.

Чувај го срцето чисто. Полни го само со љубов. Затвори го за негативните чувства. Остани таква…

Косара Перчинкова, ти си воин.