Илјада лица

На вчерашниот тренинг во неколку наврати предавав и ја истакнував важноста на менталниот развој на секој шиноби воин. Се случува некои ученици да ми напишат мејл со жалба дека понекогаш им е тешко постојано да ме следат и дека моите зборови им изгледаат премногу „хаотично“ за да ги разберат. Одговорот е едноставен. Ќе разберете кога ќе дојде време за тоа. Кога ќе поминете доволно време со мене за да можете да читате меѓу редови. Дотогаш бидете трпеливи.
Овој напис е продолжение на вчерашната увертира…

_____________________________________________________

  1. Март чинам. На вратата од моето доџо се појавија четворица шупци (мој слободен превод за јапонскиот термин шошинша). Првиот што влезе низ прагот се викаше Марјан, вториот Марко. На другите двајца „забравам им го името“, од причина што никогаш не ги паметам имињата на шупците. За такво нешто треба да оставиш добра трага во Буџинкан Македонија.
    Четирите голобради момчиња се покажаа доста лошо на првиот (пробниот) тренинг. Дисциплината им беше катастрофална, а односот мангупски. На џунан ундо се „испосраа“ и едвај направија една серија склекови  (и тоа со мамење).
    После два тренинга се појавија само Марко и Марјан. Првите двајца „ги решив“ од старт. Ги викнав на страна и му кажав на Марко:

-Марјан е доста подобар од тебе. Џабе се истакнуваш кога не те бива.
Да, мили мои ученици. Тие двајца, денес мои најблиски соработници и ученици поминаа низ такво сито (и решето). Затоа денес се најдобри. Беа тестирани првите шест месеци буквално на секој час. Ги видоа моите илјада лица. Но набргу сфатија дека станува збор за тест. Разбраа дека јас не сум ниту лош, ниту злобен, ниту фалбаџија, ниту арогантен. Тие сфатија дека јас намерно постојано го менувам мојот карактер за да го „истестирам“ и подобрам нивниот ум.
Неколку месеци пред овој настан, во доџо-то дојде еден крупен момак кој беше целиот „полн“ со себе. Изгледа беше доста начитан и се трудеше во текот на секој час да ме надополнува со некој податок изваден од Википедија (интернет). Со тек на време стана толку досаден што не можев да одржам час поради него.
Еден ден ставив една од „маските“ на лицето и заминав во доџо-то. Од самиот почеток на часот, почнав да се фалам за се и сешто. Секој мој втор збор беше фалба за мене. Секој прв беше некакво оправдување за нешто. Бев навистина неподнослив, што едвај ја издржав маската што самиот ја одбрав.
Следниот тренинг момакот не се појави во доџо-то. Си замина засекогаш. Падна на „ефтината фора“. Се сретна со лицето на нинџата што неговиот карактер не можеше да го истрпи.
Тоа е нинџутсу мили мои. Во што друго би се разлчикувал нинџата од самурајот инаку? Во ништо. Освен во менталниот склоп. Мозокот на нинџата е неговото најопасно оружје. И секој учител треба ментално добро да го подготви својот ученик. По тоа се разликуваме од другите. Тешко на тој ученик кој што не се сретнал со сите илјада лица на својот учител. Тешко на тој учител кој што не знае дека секој нинџа има илјада лица.

__________________________________________________

Вашиот ментален тренинг се одвива на секој тренинг. На секој семинар во природа, на секој камп. При секој разговор со мене, јас навлегувам во најтемните „улички“ на Вашиот ум и ги истражувам. Ги гледам и анализирам Вашите слабости. И дрско ги напаѓам потоа. Напаѓам таму каде што сте „најтенки“. Со цел да Ви укажам на тоа. Го слушате и гледате од мене тоа што најмалку сакате да го видите и слушнете. Со цел да се победите себеси. Таму каде што нема јас да постигнам, ќе постигнат Марко и Марјан место мене. Тие се обучени за тоа.
Тие ги преживеале сите 1000 лица на нинџата.