Терајте работа

Минатата недела во средата имав лош ден. Следниот веќе почнавте да ме контактирате и да ме прашувате што ми се случило. Дури и вчера на тренинг некои од Вас уште на врата ме гледаа со детективски поглед и ме прашаа со посебен тон: како сум и дали е се во ред.
Тоа е. Кога ќе поставиш висок стандард и кога од први јануари во текот на целата години (години наназад) ќе бидеш секогаш топ насмеан и расположен, доволно е еднаш да „не ти е д’н“ и сите ќе го забележат тоа.
Е сега знаете како ми е мене кога јас Ве гледам барем еднаш неделно во тапа расположение.
Минатата недела во средата имав лош ден. Свенерик пиша дека се разболел. Седум години (од 2003-2010) го следев (некогаш) по два-три семинари годишно. Го сметам за ментор кој доста ми помогнал во Буџинкан. Два пати беше во Македонија и неколку дена поминавме заедно во тренинг и разговор. Не ми е сеедно кога ќе слушнам дека се разболел.
Но чекајте, зарем немам право и јас еден ден (па и два) во годината да не бидам како што треба? Знам. Немам право. Но ете, некои работи ме погаѓаат малку повеќе. А не планирав. Мислев како и секогаш, да ги сокријам сите мои грижи и да дојдам со полна енергија која што ќе се пренесе на Вас и по тренингот ќе си заминете дома насмеани.
Но тој ден се случија и уште неколку „пиздарии“. Даре ми соопшти дека страницата неколку дена ќе ни биде во аут. А јас сум емотивно врзан за се што е врзано за Буџинкан Македонија, па тоа ме дотолчи изгледа.
Но чекајте, важно е Вие да ми бидете како што треба. Јас сум веќе средовечен маж (како грдо ми звучи ова) што работи на многу полиња со полна пареа како дваесетгодишник. Не е ниту чудо некогаш да потклекнам { псссст…ветувам дека нема   }, но бидете ми Вие добри и терајте работа.
Мојата битка е моја битка. Мојата победа е заедничка!!!