Научи да учиш

Ова е еден од оние мејлови кои ми покажуваат дека и јас, а и Вие, сме на вистинскиот Пат. Јас како учител, а Вие како ученици.
Ова е еден од оние мејлови кои покажуваат дека сум Ве научил на најважната лекција која што низ годините се обидувам да Ве научам – „Научи да учиш“.
Кога оваа лекција ќе се совлада, веќе нема потреба толку многу да објаснувам и да завлегувам во детаљи. Ќе можам да зборувам скратено и меѓу редови, замачкано и несмасно, а Вие пак да ме разберете. Тоа е почетокот на Шинден.

_____________________________________________

„Здраво Сенсеи,

 

Нешто за мене, нешто за клубот, нешто за луѓето во клубот : )))

 

Помина долго време откако се запишав во Буџинкан и искрено можам да кажам дека доста од моите лоши навики и карактерни особини можам сам да ги приметам и да работам на нив. Има уште многу долг Пат, но знам дека сум на правиот Пат. Треба барем неколку поминати години во Буџинкан за да почне некој да разбира и гледа работи кои неможат да се објаснат со зборови, само да се почувствуваат (на своја кожа). Сите тие битни работи кои некогаш ги имате кажано наеднаш почнав да ги разбирам. Вашето внимателно “копкање” по другите вештини и школи со цел да бидеме уште подобри во нинџуцу конечно видов како работи на дело. Во последниве неколку тренинзи приметив
голема разлика и подобрувањето во членовите кои паралелно вежбаат и Даито, па морам да ги пофалам. Особено ја заприметив техниката на Антон и Искра (а богами и осетив), техниките што ги работат ги работат на сегменти и јасно ги потенцираат елементите од дадената техника, го контролираат противникот низ текот на целата техника (со даито шмек), две многу битни работи кои мислам дека некој вежбачи кај нас ги занемаруваат.

Тоа главно од почетниците, што не е ни чудо, но има и од постарите некои што исто така знаат да изработат на брзинка и со тоа да ги скријат нивните грешки и уште на крајот да завршат без никаква контрола. Знам дека го знаете веќе ова Сенсеи, сепак имав потреба да го напишам.“

____________________________________________

п.с. Мејлот е испратен од Мирон, а објавен е со целосно негова согласност!