Знаење

Како функционира здобивањето на знаење кај членовите (и уште повеќе кај тие што се лажат себеси дека се членови) во Буџинкан Доџо?
Едноставно. На пример, сака да добие знаење (со кое подоцна ќе се перчи пред учениците дека многу знае) за Шинден Фудо рју Џутаиџутсу.
Отвора Google, пишува Шинден Фудо рју Џутаиџутсу, по што се отвораат резултатите. Прва на листата најчесто е Википедија, а потоа следуваат веб страници на кои има некакво објаснување за оваа школа. Откако трагачот по знаење ќе се увери дека ја открил „вистината“, бидејќи истата приказна за ШФРЏ е идентична на сите страници, тој преминува во потрага по некој торент од каде што може да симне некое видео од Хатсуми за бараната школа. На крајот, за да целосно го заокружи знаењето, трагачот ќе симне и некоја e-book во пдф и  веќе целосно е уверен дека научил се.

Е сега, се е супер, додека сезнајкото еден ден не разбере дека знаењето се бара од сигурни извори и луѓе кои имаат академски пристап на истражувањето и здобивањето на знаењето. Тоа подразбира читање на стари документи поврзани со школата, употреба на независна литература напишана од истражувачи со реноме, како и соработка со јапонски ( и нејапонски) ерудити чија специјалност е „историјата на традиционалните јапонски боречки школи“.
Но, за тоа треба да се вложи време, пари и многу непроспиени ноќи.
А зошто е тој луксуз, кога интернетот несебично се „дава“ на дланка?
Така, веднаш дознаваме дека Шинден Фудо рју Дакентаиџутси и Шинден Фудо рју Џутаиџутсу се иста школа основана од Изумо Канџа Јошитеру, поделена на некакви си два дела.
Потоа од видеата ги учиме катите на школата. (Зарем мислите дека соке или било кој друг толку лесно ќе ги даде оригиналните кати на некој што има пари за да си купи двд за 30 долари? Кога ги гледам сите тие двд-ја се чудам колку авторот се потрудил за погрешно да ги пренесе катите на широкиот аудиториум.)
И на крајот, книгите во електронска форма. Тие ги добивме без пари и баш се cool. Еве во книгата која што сите ја користиме како основа на нашето знаење: „Вовед во школите на Буџинкан“, од П. Ричардсон, ја има целата историја на тацна. Така научивме дека ШФРЏ во шоден има 16 кати.
Но, секој што сериозно се занимава со историјата, од срце се смее на овие сосема погрешни информации.
Почнувајќи од „заедничката историја“ на ШФРД и ШФРЏ.
Имено, станува збор за сосема различни школи меѓу кои има јаз од неколку века. Потоа погрешното читање на името на основачот на ШДРД (не се чита Канџа, туку Каџа), па се до бројот на катите кои се 27, а не 16. И се разбира уште мал милион грешки кои на интернет на големо се шират преку копи-пејст.
Секако, немам намера историјата на школите да ја „плеснам“ на мрежава јавно. Не поради истрошените ноќи истражувајќи ја темава, не поради илјадниците евра вложени во истражувањата, не поради дадениот збор на луѓето со кои соработувам дека резултатите од истражувањето нема јавно да ги објавуваме, туку најмногу поради почитта кон моите ученици кои се лојални кон доџо-то и кои на потежок (и правилен) начин сакат да дојдат до знаењето.

И на крајот НЕ поради оние ситни гомца кои дремаат на интернет и тренингот го поистоветуваат со читање веб-страници и симнување видеа, а потоа се самопрогласуваат за мајстори и експерти. НЕ, поради нивната максима: „гледам видеа и читам на нет=значи тренирам“.
Епа нека го испотат газот малку.