Полна сала, насмеани лица, испотени маици и кимона. Мириса на пот (тренинг).
Буџинкан Македонија.
Уште од врата се насетува желбата за вежбање. Посилна е од се. Толку силна што веќе е составен дел од нашите карактери. За нас тренингот е повеќе од култура на живеење. Пополека станува култура на постоење. Наш идентитет.
Годинава ќе ја довршиме со Кото рју Коппоџутсу. До каде ќе стигнеме, дотаму. Повторно ќе се вратиме на неа. Животот е пред нас. Ние го грабиме со две раце и полни гради свежа енергија.
Следната година ќе работиме Такаги Јошин рју. Какви ли само тајни крие таа школа? Прекрасно.
На 26 овој месец е традиционалното шугендо. Ќе биде јако како и секогаш. Потоа доаѓа Штефен Фролих.
Останува да се договориме кого сакате да го викнеме следната година. Јас сум повторно за Свенерик. Ако имам ваша подршка, стариот викинг ќе дојде да не мотивира некаде во април.
Продолжуваме напред. Освојуваме души, ги усовршуваме, се усовршуваме. Исто како и самураите и нинџите кои имале само една цел.
Од станување до легнување се што правиме се трудиме да го правиме совршено. Делата нека зборуват, устата никогаш нека не погани.
Тоа е дух. Тоа е Будо.
п.с. Овој напис требаше да го посветам на еден СИНДРОМ. Но поради опасност компјутерот да ми фати вирус, одлучив да ја почнеме годината како што треба. Со арно со убаво. Ова нека биде почеток.