Шугендо

Изгори и движи се или застани и умри е мотото на Буџинкан Македонија кога станува збор за семинарот Патот на Шугенџа (Walk and burn or stop and die).

Оваа година би требало да биде дупло полесно од минатата. Но…не се знае. Тоа е во Божји раце од едноставна причина што кога сте во природа, никогаш не можете да ги предвидите работите до крај, па затоа секогаш излегуваат некои непредвидени ситуации.

Без разлика на се, јас планирав да биде самоубиствено. Но…изгледа имате „мала среќичка“. Пред пет дена го победив стомачниот вирус, а еве го закачив и овој на грлово. Раната од (полу)успешната операција ми го грчи мускулот на листот на подколеницата. Сето тоа прави маршот да се спушти за едно ниво полесно. Од самоубиствено на убиствено темпо. Нема оправдување за никого, а најмалку за мене. Ќе направам се за да Ви го загорчам денот в недела.

Исчистете го Вашиот ум (сите слабости потекнуваат од таму). Бидете фокусирани. Бидете силни.

Со среќа.