Доверба

– Сенсеи, во ниту еден момент не се посомневав дека сме го промашиле патот до езерото.

Овие зборови излегоа од устите (срцата) на Зоки Старото и Марче веднаш штом стигнавме до крајната цел на вчерашниот семинар.

Многу ми е мило поради довербата дадена од овие двајца ученици. Досега не сум почуствувал од нивна страна било какво сомневање за се што правам за нашето семејство – Буџинкан Македонија.

Но довербата е взаемна категорија. И јас нив им верувам толку многу, што никогаш не сум се посомневал во ниту една ситуација.

Со Зоки и Марче би заминал на крајот на светот без притоа да понесам нешто со себе. И не ми ни треба. Ниту оружје, ниту храна. Најважното го носам во срцето. Довербата.