Корју буџутсу, патриотизам, пропаганда…

Пето правило на Шинден Фудо рју:

– Не застранувај од Патот на лојалноста и на братската љубов.

Прво правило на Гјоко рју:

– Симболот за „нин“ значи да ја заштитуваш нацијата, дури и по цена на сопствениот живот.

Второ правило на Тогакуре рју:

– Мечот носи мир, заштита на земјата, семејството и природата.

_______________________________________________

Како и секој викенд, така и овој, бев во Хомбу-то под Липац, со цел да поработам малку на себе (во секој поглед).
Летниот период создава доста гужва по автопатот, бидејќи река од странски возила се упатуваат кон Грција.

________________________________________________

Пред мене возеше „алфа ромео“ со унгарски таблички. Во еден момент возачот пресече преку втората лента и се упати кон третата (за спори возила). Малку ја намали брзината, го отвори прозорецот и наеднаш од автомобилот „излета“ најразлична амбалажа од вода, сладолед и останата храна. Откако го исфрли целото ѓубре на тревата до патот, со голема брзина избега од местото на „злочинот“. Залудно беше моето свирење и негодување. Алфата се изгуби за миг оставајќи ме длабоко да размислувам за некои работи.

___________________________________________

Германија. Чисти коловози. Средени градчиња и села. Шуми насекаде.
Возиме со Иве кон Катлинбург. Од Диценбах до таму има околу тристотини километри.
Ја јадам бананата и го отворам прозорецот за да ја исфрлам лушпата надвор во тревата до патот. Сметам дека лушпата е од органско потекло и за само три дена ќе скапе и ќе се претвори во полезно ѓубриште за земјата. Само што ја исфрлив низ прозорецот, Иве ме забележа и почна да негодува.

-Баце, го наебавме сега, изусти.

Во моментот додека ја фрлав лушпата, две возила од позади не престигнаа и со свирежи на сирената и мавтање со рацете почнаа да ме навредуваат. Не поминаа ниту три километри, а полициско возило не сопре на патот. Замислете, копиљаците ме пријавиле.
Се сетив и на други ситуации што ги забележав. Што и да направите во Германија, а да е спротивно со нивните правила, луѓето од улицата се први кои што ќе ве предупредат дека сте згрешиле.
Додека размислував за ова, низ главата ми се мотаа слики од германските знамиња кои се вееја по дворовите на куќите на обичните граѓани. На прашањето зошто на толку многу куќи има знамиња, ми одговорија едноставно.

-Поради патриотизам.

_______________________________________________________

Па, да. Патриотизмот што толку многу е забрануван и исмеван тука, таму се смета за нешто свето и обврзно. Луѓето си ја чуваат земјата и се грижат за неа. Таму не смееш да прекршиш ниту едно од нивните правила. Тие се грижат за својата култура и за својот начин на живот. А тука ја валкаат нашата земја со ѓубриште бидејќи нема кој да ги пријави во полиција или да ги сопре и да им каже да се вратат назад и да си го соберат ѓубриштето и да го фрлаат во корпа за отпадоци.

________________________________________________

Да кажеш дека си патриот во Македонија, тоа значи дека не си „ин“, дека си ВМРО-ец, дека си сељак, заостанат, националист, ретрограден, дека ги мрзиш педерите, дека не си модерен, дека не си за во Европа, дека си Балканец итн.
_________________________________________________

Времињата се менуваат. Новите дечки стапуваат на сцена. Организирани во Здруженија и Невладини организации, со пари од разни странски фондови, не убедуваат дека се што е поврзано со нашата историја не чини. Сељачко е. Не убедуваат дека хомосексуалните бракови се во ред. Тие имат право да ни кажат дека ние не смееме да бидеме против тоа, но ние немаме право да им кажеме дека сме против тоа. Затоа што ќе бидеме заостанати. Нивното право на глас се важи, а нашето право на глас не се важи. Па чекај, нели ако е демократија и тие што се против хомосексуалните бракови имат право на глас?
________________________________________________
Македонци што не се чуствуваат како Македонци. Македонци кои бараат барем еден предок, баба, дедо или било кој, да има барем малку српска, влашка или било која друга крв. Да бидеме и ние Власи, Срби, странци. Па и онака повеќе ја сакаме српската музика (сцена), грчката култура, турската филозофија. Српски хитови, турски серии, грчки манастири. Се е поубаво од нашето. Не се познаваме самите. Затоа што сељачки е да читаме и истражуваме за нашата историја. Сељачки е да ги прифатиме новите докази на „новата историја“ дека ние сме дрво со длабоки корени. Како можеме ние што сме толку мали и никакви, со наведната глава секогаш, да прифатиме дека сме биле лулка на европската цивилизација? Ние сме мала искомплексирана нација која отсекогаш го сакала туѓиот кич, додека другите се тепале за нашата материјална и духовна култура.
_____________________________________________

Вежбаме корју буџутсу. Правилата на школите се јасни. Правилата на класичните боречки вештини се јасни. Целите поради кои ги вежбаме се јасни. Заштита на земјата. Патриотизам. Лојалност. Високи и благородни цели кои многумина не ги разбираат.
Зошто тогаш вежбаме класични вештини? Па нели ние сме „ин“. Сакаме глобализација, пацифизам, ги негираме границите, ги сакаме странците кои фрлат ѓубре по нашите патишта. Валкаме и ние по дома, а се воодушевуваме и ја чуваме природата кога одиме во странство.

Која е најдобрата физичка дисциплина за нас. Таи Чи Чуан? Ама и таму има по некое движење кое што може да повреди. Ах да. Јога!!! Одиме на јога. Корју буџутсу е за одбрана на земјата. Техниките служат за да го убијат непријателот. Да живее јога-та!!! Заедно со Шива, Кришна и останатите пагански божества!!!

п.с. Овој напис е наменет за читање меѓу редови. Во спротивно ќе изгледа дека е напишан од сељак што „сака да каже, ама не знае да рече“.
Овој напис е наменет за луѓето што одат по Патот. Само тие можат да го разберат. Следниот другата недела…се надевам на друга тема.