Добродојдовте

Вечер двајца почетници од доџо-то во Тафталиџе ќе преминат во Хомбу-то. Марче и Мацко ги подготвиле добро. И технички и кондиционо.
Сега останува да продолжат таму каде што застанале. Основата треба да се надоградува. За тоа се потребни многу години напорна работа.
Овој напис е посветен на сите почетници во доџо-то во Тафталиџе. На сите нив кои имат проблем со преминот во Хомбу-то поради „далечината“ и „распоредот“.
Доколку нешто навистина сакате, ќе направите се за да го добиете. Сме имале ученици кои патувале и по 200 километри секој втор ден за да вежбаат во Хомбу-то. Сме имале ученици кои давале отказ за работа поради смените и неможноста да вежбаат со нас.
Затоа, секој изговор дека „Хомбу-то е далеку од мојот дом“ и дека „повеќе ми одговара тајмингот во другото доџо“ е неприфатлив.
Како се надевате да станете воини кога Вас ве спречуваат толку банални проблеми?

Добредојдовте. И нема ама…!!!