Денес објавив за семинарот за Џиссен Хеихо. Сега се на ред „душегрижниците“.
Најголем број од нив ќе ми пратат приватен мејл. И ќе ми солат памет дека бла, бла, бла…
Некои од нив (можеби) ќе го препостираат текстот на нивниот ѕид или Форум. И таму, без мое знаење ќе бла, бла, бла…
Се надевам (но подготвен сум) дека многу малку ќе си земаат за право да почнат јавно да бла, бла, бла…
Тие добронамерните и пријателите ќе ми пратат честитки за иновативноста, храброста и ќе ме подржат.
Сепак, едно знам. И едните и другите, во себе знаат дека тоа што го правам е „вистински погодок“ и порано или подоцна ќе го направат и тие истото. Веќе „гледаам“ какви имиња ќе смислуваат на „нивните системи“: Динамичен блискоборбен систем, Голорака блиска борба, Реален Тиџутсу итн. (секако, подобро ќе звучат на англиски, нели).
Како и да е, некој мора да „влече“, а некој да „каска“.
Прашината се крева, а потоа мора да падне на земја. Животот продолжува.