Во една прилика, сенсеи Такаматсу му кажал, на тогаш младиот ученик Хатсуми:
– Тајната на Таиџутсу лежи во силата и флексибилноста на нозете. И за твоето здравје е важно да ги одржуваш нозете силни и флексибилни. Тоа е еден од начините за долговечност. Нозете не служат само за стоење и одење, туку се силно оружје кое што мора да се контролира преку умот. Силата и флексибилноста овозможуваат подобра контрола. Треба да бидеш во можност да упатиш удар во било кој правец. Тоа се вика „Хаппо Гири“.
п.с. Шугендо е еден од начините што јас го применувам за да ги „преточам“ советите на сенсеи Такаматсу во пракса.