Текстот е преземен од Форум-от и без никакви интервенции е објавен на блогот. Автор е кохаи Сања Симонова. Нејзината способност да учи, далеку го надминува нејзиното звање.
——————————————————————————————————-
Колку и да бришеме, кога 32 ножиња ќе остават свој отпечаток, ламинатот брзо се валка. Па и откако се расфрлавме и испотивме, многу брзо стана лизгаво. Прозорците се замаглија, бетонот се ронеше и го вдишувавме. Коментиравме дека е чудно малку за вежбање, а?!
Ќе се тркаламе ли на тврдо? Ќе ни биде ли ладно без чорапи? Црни стапала, а? Одма се почувствува разлика „на кој му е прв пат“ на тврдо. Оние кои со овој тренинг се потсетија на порано, беа поостри, поотсечни, потивки и многу соодветно ја испочитуваа мазната контактна површина. А некои, после секое седнување долу, ја тресеа прашината од себе, пазеа каде ќе згазнат. Имаше многу залутани погледи накај местото каде што порано стоеше часовникот…
Епа другари, мислам дека прекрасните услови кои ги имаме во доџо малку не направиле свилени. На секој изминат тренинг, до вчерашниот, сме имале хигиена, приватност, осветлување, ма СЕ што ни требало на вискоко ниво, а вчера, малку разлика и одма сомнителни лица. Јас верувам дека кога вака би имале 3 тренинга по ред, 4-тиот веќе нема да го забележуваме опкружувањето. Ова беше убава проверка за тоа како го гледаме светот околу нас, како рефлексија на светот во нас.
Не сакам никој да ми замери за искреноста, поентата ми беше дека сме одвугнале. Проблемите се големи, кога ние сме мали, кога ние ќе „по(над)раснеме“, проблемите се смалуваат. Јас сум бескрајно благодарана што после ваков подвиг на реновирање, ќе имаме прекрасно доџо, а до тогаш, колку и да трае процесот, ние треба да си ја носиме сликата од „реновираното“ доџо во мислите, кога ќе влеземе – да го видиме тоа што си го визуелизираме. И да си ја задржиме слогата, оти кај што има слога, има и Бога!
Ве поздравувам сите и ви посакувам убаво попладне!