Повторно клип. Но овој пат многу едукативен. Со оглед на тоа дека се уште сме во месецот на Тачи, еве ви еден пример за цврстината на јапонскиот меч. Го гаѓаат со машин ган и им треба дури седум куршуми за да го искршат. Забележете на спората снимка од половината на клипот (па натаму), како се крши дел по дел од сечивото, за на крај да се одвои целосно. Тоа што запрепастува е снимката што следи потоа, каде што се гледа во колку слоеви е кован, во што и лежи тајната на неговата цврстина.
Музиката која оди во позадината само метафорично потсетува на умирањето на деновите и времето кога на цена биле чесноста, дисциплината, лојалноста. Категории кои одамна се изумрени.
На вториот клип, споредени се јапонскиот и европскиот меч. И двата сечат, но забележете ја разликата во времетраењето на сечењето. Видите колку време му треба на тешкиот европски меч за да се врати во борба повторно.