Селекција

Една од подобрите работи во нашата вештина е природната селекција на кандидатите што почнуваат да вежбаат во нашиот клуб. Просекот е на 10 запишани, еден продолжува да чекори по патот после една година. И добро е што е така. Нам ни требаат само најдобрите. Да бидеш најдобар значи да бидеш најкомплетен. Татсуџин. Целосна личност. Бадијала ако си „најпаметен“. Големо чудо. Другиот може да е побрз, по флексибилен, по снажен, по убав. Затоа велам комплетна личност.

Сакаш да бидеш комплетен? Биди трпелив. Вежбај напорно. Уживај во тренингот. Дружи се со луѓето во клубот. Развивај доверба со нив. Биди искрен. Пружи помош, без да очекуваш ништо за возврат. Биди лојален. Биди чесен. Гледај со убави очи. Не потпаѓај на провокации. Не дрдори непотребно. Биди отворен за учење. Издржи ги замките со кои учителот ја испробува твојата стабилност. Биди брз како ветер. Неподвижен како рид. Не сомневај се постојано. Не измачувај се со непотребни нешта. Сакај ја природата. Имај срце ко планина…
Многу е ова? Сакате да бидете комплетни? Татсуџин?

Не е лесно (насмевка) !!!