Секоја година, со почетокот на јуни, бројот на учениците во доџо-то започнува да се намалува. Во салата за вежбање станува се пожешко, влагата расте, воздух нема ниту за лек. Тоа предизвикува мачнина, мрзеливост, тромавост.
А надвор, девојките ги шетаат своите телца во кратки сукњички, батковците се пуват во припиените маички, сладоледот е толку вкусен, а пивото ладничко за мерак. Сите се раздвижени, кафеаните се полни, живот насекаде.
Сето ова звучи многу примамливо за некои. Мирисот на летото толку многу мами, па вежбањето во доџо-то останува во втор план. Едноставно се проретчува.
За некои!
Има една група посветени воини на кои сите гореспоменати работи им се мили само доколку претходно го почуствуваат мирисот на тренингот во доџо-то. Жештината, влагата, смдрливиот воздух, се само предизвик што секогаш се победува. Напорниот тренинг е ритуал без кој не се живее. Совршеноста доаѓа од упорноста и посветеноста. Заминувањето на одмор е дозволено само откако ќе завршат тренинзите. Се е темпирано на животот во доџо. А со добар план има време и за останатите работи.
Тоа јадро од тие посебни луѓе го чуваат достоинството на секое доџо.
Осу !!!