Кои вештини се потребни за да се успее преку краткиот Пат.
Хммм…многу е лошо кога некој што не е компетентен ќе се обиде да даде одговор на вакво прашање.
Сепак, преку примерите од околината и искуството со нив, вреди да се обидам да одговорам.
Прво, треба добро да се наострат ноктите. Онака добро, кога ќе загребат по кожа да не можат да се откачат со месеци. Ама да гребат како што треба.
Второ, добро подмачкување. Само добро подмачкани можат да се „угурат“ онака длабоко у шупак. Ама навистина длабоко, кога ќе влезат, да останат таму се месеци и да неможат да излезат од „рупата“. А и немат потреба, тие што го сакат краткиот пат навистина уживаат во таа темна и влажна средина.
Трето, посипување со шеќер. Ама добро посипани, да можат така квалитетно да се „улизуваат“, така што ќе станат навика и потреба. Да не се може без нивните благи зборови.
Четврто, фрлање образот на буниште. Онака без размислување. Личното и националното достоинство не се воопшто важни. Кога се нема образ се е полесно. Површината каде што се наоѓал образот станува тврда како ѓон, па затоа и може да се шутира. Со ѓон наместо образ, ништо не боли.
Пето и последно. Облекување чизми кои газат се пред себе. Тие се од посебна марка. Не можат да се купат во продавница, туку се добиваат бесплатно откако ќе се совладат првите четири вештини погоре. Со такви чизми можете да газите преку трупови без око да ви трепне.
п.с. Не ми е јасно како Нино Велечковски цели 35 години е на врвот на естрадата со една ипол песна. Како да се клонирал човекот. Го има на сите можни забавни емисии и на сите можни канали. Ете, тоа е вештина.
Да му се серам на тамбурите…