37

Минатата година, ова време, насловот на блогов беше 36. Вчераутро, напишав 37, но потоа го ибришав и помислив дека нема да се сетите. Се надевав дека ќе заборавите како што сакав да заборавам и јас. Но не излезе така како што се надевав. На вчерашниот тренинг повторно ме изненадивте. Иако јас мразам изненадувања (насмевка).
____________________________________________________

„Сенсеи, не знаеме дали сте свесни за вашето влијание врз животот на поголемиот дел од луѓето кои тренираат во ова доџо. Со овој мал подарок, сакаме да ви ја искажеме благодарноста, што многу пати сте ја потикнале насмевката на нашите лица. Сите сме свесни дека тука не учиме само боречка вештина, вие не учите за упорноста која треба да ја примениме во животот и за насмевката која треба да ја споделиме со сите. Вашиот мотив, хармонија и смислата за живот што ја споделувате со нас на секој тренинг, претставува наша мотивација која ја користиме во разни аспекти на животот.
Ви посакуваме многу успех, љубов и оваа година да не нацртате ниту едно тажно човече на вашиот календар.
Среќен Роденден.
Ве сакаат вашите ученици!!!“
__________________________________________________

Што повеќе да се каже?