Една мала група од нас се убива од вежбање (факат)!
Ми текнува пред неколку години кога држев тренинзи и во Лисиче (понеделник, среда, петок и недела) и во Буњаковец (вторник, четврток и сабота). Секој Божји ден.
Тогаш се уште немав црни појаси од учениците, па сите тренинзи морав самиот да ги одржувам. Денес имам црни појаси меѓу учениците. А знаете зошто? Затоа што Тие двајцата доаѓаа на тренинг и во двете доџо-а секој Божји ден.
Се сеќавам, после неколку месеци, во соблекувалната мојот мил шидоши хо Мацко ми се онесвести буквално во раце. Го повратив во живите смирено бидејќи знаев дека момчето падна во бесознание поради замор. Инсистирав да направи преглед поради него самиот, а лекарот го потврдил моето сознание дека Мацко е здрав како дрен (и дека се онесвестил поради замор).
Таа мала група и сега го прави истото. Не пропушта тренинг. А за секој случај и во текот на викендот вежба во Хомбу (каде што темпото на вежбање „убива“).
Знаете дека Мацко оваа година нема пропуштено ниту еден тренинг? И Антон. Тука некаде со активноста се и Зоки и Марче и да не ги редам и другите понатаму.
На групата што се убива од вежбање сакам да им кажам нешто:
Свесно или несвесно Вие се определивте за Патот. Да се чекори по Него значи да се живее во беда. Вие ја прифативте старата самурајска изрека „Зеитаку ва теки да“ односно „Раскошот е непријател“.