Се зафативме. Овој пат се зафативме премногу. Но ако Ние се зафатиме премногу тоа значи дека ќе одиме до крај.
Мислите дека се преценив? Можеби.
Градам доџо. Тој што градел толкав голем објект, знае што значи тоа. Финасиски исцрпен и во долгови, кои ќе ги враќам барем 30 години. Инвестиција која нема никогаш да ги поврати вложените средства. Но јас не вежбам за пари, јас вежбам за (и со) љубов.
Од работа-на работа. Секој слободен миг градам. 120 км. возење секој ден. ’Рмбање. Потоа малку сон.
Последните два-три тренинга знам дека изгледав како лајно. Бев малку изморен. Всушност бев многу изморен, но не дозволував да се види тоа. Барем јас така мислам. Ви се извинувам поради тоа.
Се зафативме. Во следните месеци организираме три меѓународни семинари. Три семинари со тројца најдобри мајстори за корју буџутсу во Европа во моментов.
Знаете што е интересно? Што сите корју учители се смеат кога ќе им се спомене Буџинкан. Тие го почитуваат соке Масааки Хатсуми, но се смеат на несериознсота на луѓето што ја претставуваат организацијата. Се смеат на оговарањата меѓу „буџинканци“, на зависта, на омразата, на неквалитетот. Тие го множат Буџинкан со нула. Освен Буџинкан Македонија. За нас имаат огромна почит. Тоа тешко се заслужува.
Имаме пријатели насекаде. Тие сфатиле дека Буџинкан Македонија е место каде што вежбаат вистински луѓе, на вистински начин, на вистинско место, со вистински учител.
Го имаме Марио де Мол следната година. Човекот со најголемо звање во светот во Џиненкан. 6 дан. Тоа таму многу значи. Блиски сме и котактираме речиси секој ден. Врзани сме сите. Б.М. одамна е дел од корју заедницата.
Се зафативме многу. Отворивме ново доџо во Тафталиџе. Во септември правиме нов упис. Ќе има многу кандидати.
Вежбаме секој ден и грабиме напред. Не планираме да се спуштиме назад. Одиме кон врвот. Незапирливо.
Само храбрите се зафаќаат и и успеват. Затоа што се чесни и благородни. Затоа што работат и почитуваат.
_________________________________________
Ова е последен напис за ова полугодие.
Уште малку заминуваме на Летен Камп. Се читаме од септември.