Почеток (и така во круг)

Почна новото полугодие. За сите. Секоја година исто. Така треба да биде.
Денес е прв час. Косара тргна на школо. И ние тргнуваме во школо (доџо).
Има мала разлика. Училиштето е задолжително и така треба да биде. Доџо-то не е задолжително и така треба да биде. Доџо-то отсекогаш било и ќе биде за оние малку одбрани што сакат подобро да се запознат себеси. Но искрено да се запознат себеси. А не после неколку тренинга да заминат затоа што место да се трудат да се запознат себеси, тие се труделе да ги запознат другите околу нив. А другите се секогаш полоши, нели?
__________________________________________________
Нови ученици ќе започнат да чекорат по Патот. Веќе има неколку пријавени на уписот. Како и секоја година, така и оваа, само малку од нив ќе успеат да влезат во „семејството“. Повеќето ќе паднат на многубројните испити што ги очекуваат.
Од денес, блогот повторно почнува со работа. Некогаш еднаш, некогаш двапати неделно.
Ова е само најава и добредојде на сите во нашето доџо.
Буџинкан Македонија. Наш живот, наша приказна.
Буџинкан Македонија. Начин на живот!