Советите на Соке

„Техниките опишани во старите документи (деншо-а) ги преживеале борбите на бојното поле и биле пренесувани на следните генерации. Тие не се романтични визии и измислени сценарија, туку реални ситуации со докажана ефикасност. Ако техниките не биле ефикасни, тие ќе умреле за време на битката и ќе немале можност да бидат запишани.
Иако техниките се резултат на борбено искуство, тие биле запишувани за време на периодите кога владеел мир, од остарените воини кои веќе долго време немале искусено борба.
Ние мораме да ги почитуваме овие техники, да ги вежбаме постојано и да ги пренесуваме во оригиналната форма како што биле пренесени на нас. Но откако добро ќе ги совладаме, мораме да ги приспособиме на денешното време, на модерниот начин на борба и на денешните услови.“
-Масааки Хатсуми
_______________________________________

Мислам дека со ова Соке дава одговор на многу прашања. Баш поради тоа, во нашето доџо инсистираме на оригиналните записи и техники.
Како што минуваат годините, ќе изградиме систем составен од начинот на борба собран од сите школи (кои ги вежбаме), но САМО откако перфектно ќе ги научиме оригиналните техники односно кати. И откако ќе го здобиеме потребното искуство да процениме што најдобро функционира во денешниот свет (начин на борба размислување, услови). Но секогаш, ама баш секогаш, основата ќе се крие и ќе се бара во старите рју-ха!!! Тие ќе бидат почеток и крај на секој Пат.
Ќе се раководиме според советот на Соке. Затоа е одбран да биде Соке.