-Сенсеи, планирам повторно да почнам да вежбам, знаете работата ме спречуваше да дојдам, но…
Не знам ништо. Знам дека одреден период не те гледав во доџо, друго ништо не знам. Но премногу сум љубезен за да ти спомнам дека не ми се важни твоите оправдувања. А причините за отсуство сакам да ги знам. Сакам да ги знам бидејќи не сакам да имам непотребни и дополнителни грижи мислејќи дека имаш здраствени проблеми. Но не сакам да мислиш дека Ти верувам на изговорите и дека тие ми се важни. Довербата тешко се гради, а лесно се руши. Отсекогаш така било.
Ако работата те кочи, најди си друга. И јас сум го правел тоа постојано.
п.с. Се извинувам на сите кои вчеравечер ми беа Уке и мораа да ја мирисаат мојата небањата миризба. Се симнав од скеле, ги истоварив моите на паркинг и дојдов на тренинг. Немаше време за туш.
Не знам ништо!!!