Данок во крв

Последниве два месеци бев на строг режим во однос на тренингот. Покрај тој во доџото, одвојував по два часа секојдневно за „хитори кеико“ (самотренинг)“, а се со желба што подобро да се покажам на приватните часови и на семинарот со Марио Де Мол.
Покрај тоа, работев доста и на доџо-то, со желба побрзо да почнеме со тренинзи таму.

Малку претерав. Болката во повредената кичма почна да се шири и да ми ги укочува: левата рака и левата нога. Изместените пршлени од падот, најверојатно удрија во некој нерв.
Тоа е данок во крв што мора да се плати кога горите за нешто.

Одамна престанав да пишувам за таа фатална несреќа. Одамна и не ја споменував.

Но сега морам. Само поради една работа. Да Ви се извинам доколку вечер ме забележите дека не давам се од себе. Боли. Затоа не можам.

Досега не го забележувавте мојот хендикеп, но вечерва (и понатаму, до не знам кога) најверојатно ќе се забележува.
Се надевам дека побрзо ќе се повратам назад. Но не можам да ветам кога.
Се гледаме на паркет.

Нинпо Иккан!