Сокри се

„Буџинкан е одлично место за криење на лошите мајстори за боречки вештини“.
Оваа легендарна реченица пред неколку години ја кажа сенсеи Свенерик додека седевме во дворот на манастирот Свети Пантелејмон на Водно. Ќе остане запаметена.

Но дали нешто се измени од тогаш? Дали нешто тргна на подобро?

Не. Напротив. Тргна на многу полошо.

Продажбата на дипломи се зголеми. Нови „клубови“ никнуваат на секој чекор. Секој може да отвори клуб. Без никаков критериум. Доволно е да се „јавите на бесплатниот телефонски број“.

Замислете во некоја сериозна организација, човек без соодветно знаење, без мајсторско звање и степен, да почне да држи часови односно да отвори доџо. Тоа е незамисливо.

Но има сатисфакција за оние што тоа го прават на правилниот начин.

Почит. Никој не Ви се смее зад грб. Никој не може да ви каже „оди сокри се“.
А што со инстант мајсторите? Ништо. И понатаму ќе се множат. Но пораката за нив ќе остане. „Оди и сокри се“.