Почнаа неофицијалните тренинзи во доџо-то. Неофицијални бидејќи сеуште немаше официјално отворање на кое сите ќе бидат поканети.
Но и тоа ќе биде наскоро.
———————————————-
Во годините наназад секогаш бевме на врвот во поглед на активностите. Секогаш први. Многу тренинзи, меѓународни семинари, семинари во природа…
Така и ќе продолжиме.
Некому, по отворањето на Хомбу Доџо-то ќе му изгледа дека малку претерувам со динамиката на организирање на настани (но тоа се само обични тренинзи). Тоа ќе го прифатам. Ви верувам дека оставам таков впечаток. Но другари, клубот се води со визија. Тоа што денес се случува мене ми е испланирано уште пред пет години. Тоа што денес го планирам, ќе се оствари после пет години. Мојот поглед е насочен напред. Во иднината. И така мора да биде. Тоа е мојата тајна на успехот. Некој мора да оди напред. Да влече, да бутка. Во случајов тој некој сум јас.
И сигурен сум дека некој моето буткање ќе го поврзе со алчност. Некој ќе мисли дека премногу барам. Но сигурен сум и дека некој потполно ја разбира мојата голема љубов и страст кон корју-то. Некои луѓе знаат дека тоа што сум го направил за јапонските боречки вештини во нашата земја нема никогаш да се возврати назад. На ниту еден начин. А најмалку финансиски.
Продолжуваме со активностите. Ќе треба долго време за да се привикнете на новата ситуација. Тоа ми е кристално јасно.
Не мора сите да ме следаат. Не мора сите да учествуваат. Мое е да буткам и да влечам напред. Кој сака нека следи. Кој може нека следи. Не барам помош од никој. Но не ја одбивам помошта од никој.
Јас гледам напред. Јас одам напред. Кој сака со мене, кој може со мене, ајде…
Останатите може да се придружат во секое време.
Напред!!!