Последниот викенд на април, учителот Игор Довезенски и даи-шиханот Пино Дуранте одржаа семинар за Такаги Јошин рју Џутаиџутсу во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.
Еве ги изјавите на Пино за време на семинарот.
- Кога ја видов првата демонстрација на Игор и кога почнавте да ја вежбате техниката си помислив: „Што барам јас тука. Зошто воопшто дојдов. Можам слободно да си заминам“.
- Ако во Германија имавме шихани, добри барем половина од вашите кои носат хакама, ќе бевме најдобри во целиот свет.
- Често предавам низ доџоата во Германија, Австрија, Холандија и редовно патувам низ цела Европа. Можам слободно да кажам дека вашите зелени и портокалови појаси се подобри од речиси сите црни во државите кои ги посетувам.
- Без разлика дали се мажи или жени, деца или постари – членовите на ова доџо се Воини.
- Игор, каде беше сите овие години да ме потсетиш како изгледаа боречките вештини пред 20 години?
- Посетата на Македонија и на твоето доџо ме вратија во живот.
- Ќе ве снимам со мобилен и ќе објавам на интернет: “This kind of training is not allowed for pussies”.