Левата рака

Вчера Зоки напиша на ФБ: „Имаме две раце! Не ја заборавајте ја Левата!“
Кога тој ќе напише нешто, обично има коментари и лајкови колку ти душа сака.
Вчера немаше ништо. Збунетост. Јас одлучив да ја зголемам збунетоста и напишав „џуте“ како коментар. Уште поголема збунетост. Сега и тие што можеби помалку го разбраа, замолкнаа.
Си реков, ќе почекам еден ден, па ќе проговорам.
Зоки Ви зборуваше за Буке Шохато. А беше инспириран од мојот прекор кон Вас. Вие заборавивте на левата рака. Уште поточно, Вие и не знаевте за левата рака, бидејќи не бевте заинтересирани да го „голтнете изџваканото залче“.
Таман помислив дека разбравте дека без левата рака (литературата) Вие сте обични „тепачи“, денес во салата десет „тажни фаци“ тагуваа по „загубената младост“.
Па побогу, до кога да Ве учам? Последниве тренинзи бевте толку позитивни, што помислив дека сте ја научиле лекцијата на животот, кога денес, пак гледав некои тапосоидни погледи од неколкумина.
Јас другари, имав тренинг од 18.30 до 20.20 ( со 15 мин. пауза од 19.30 до 19.45). На приватните часови бев и сенсеи и тори и уке. Таму правев (правам) џунан таисо и џунан ундо. Потоа Ве подучував Вас (во две групи). Сега, после тушот следува тренинг со Н. на која треба да и предадам тоа што го научивте и Вие.  И покрај сето ова, влегов во салата насмеан.
Па добро, што Ви беше Вас? Бевте позаморени од мене? Или се лутевте поради тоа што Ве карав за Левата рака?
Ќе карам и ќе тепам. Се додека не извадам максиМун од Вас.
Затоа, запомнете го добро првото правило на Буке Шохато!!!
Корју се вежба со срце, корју се вежба со дух.

п.с. Кој се лути да јаде жути, кој се срди да јаде тврди.