…..

Пред неколку недели објавив напис со наслов „Суеверие“.
Сега, овој напис ќе оди без наслов.
Поради суеверие ???
———————————————————————————-
Последниве месеци многу се посветив на проучување на механиката и динамиката на движењето на човечкото тело. Читав, вежбав и посетував неколку курсеви на таа тема. Се запознав со неколку физиотерапевти кои се посветиле на некои сродни науки за човечката анатомија и физиологија.
На едно од тие патувања со мене беше и Ацо и за време на патот имаше можност да слушне дел од заклучоците и плановите за во иднина.
На некои од моите ученици за дел од тие планови им кажав за време на семинарот „Шиноби Арукихо“.
Дел од вежбите ги правев или ги предавав за време на џунан таисо или џунан ундо.
Суеверие? Претскажување? Припрема?

————————————————————————————

Ми се случи незгода. Тоа што го учев последниве неколку месеци сега треба да го применам на себе. А намерата беше да помогнам на тие на кои има треба помош. На учениците кои имаат неправилно држење на рбетниот столб, па поради тоа често имаат и болки, истегнувања или повреди. Но ете, судбината сакаше најпрвин методот да го испробам на мене.
Тоа што со месеци го подготвував како мој (нов) систем за самолекување и одржување на физичката кондиција на телото (Шиноби Таисо ®), сега ќе треба јавно да го промовирам. Но секако, најпрвин ќе мора да го применам и потврдам на себе.
Суеверие? Претскажување? Припрема?
—————————————————————————

Следниве неколку недели, ќе имаме мала измена во начинот на џунан таисо и џунан ундо. Но за тоа ќе Ви објаснам дополнително.
Иккан!!!