Поради подготовките за мојот Кунрен Шугјо, постовите на блогот ќе паузират до првата недела на април.
Останете така.
Поради подготовките за мојот Кунрен Шугјо, постовите на блогот ќе паузират до првата недела на април.
Останете така.
Имаме позитивни критики од нашите млади пријателки од Кавадарци:
„Sensei, thank you for the wonderful 2 day seminar.I had a great time and learned so many new.“ – Надица Атанасовка
„Two amazing days of fun and learning. It has been my pleasure to learn from Igor Dovezenski Sensei.„ – Верица Лазова
Ви благодарам на убавите зборови девојки. И мене ми беше чест да Ве подучувам и да се дружам со Вас.
За ова, нема место за коментар тука. Тоа е куден. Се предава во доџо од учител на ученик. Сите Вие што сте веќе подолго време мои ученици, ако внимателно ја погледнете фотографијата, ќе Ви биде јасна мојата порака.
Овие два-три реда се посветени на нашите дами во Буџинкан Македонија.
Томое Гозен (1157-1247) е запаметена како една од најголемите жени воини во јапонската историја.
Во Хрониките на Хеике е опишана:
„Томое беше необично убава, со бела кожа, долга коса и прекрасно тело. Таа беше одличен стрелец, но и мечувалец вреден за илјада воини. Секогаш спремна да се спротистави, било на демони или на божества, било на нозе или качена на коњ.“
Една од подобрите работи во нашата вештина е природната селекција на кандидатите што почнуваат да вежбаат во нашиот клуб. Просекот е на 10 запишани, еден продолжува да чекори по патот после една година. И добро е што е така. Нам ни требаат само најдобрите. Да бидеш најдобар значи да бидеш најкомплетен. Татсуџин. Целосна личност. Бадијала ако си „најпаметен“. Големо чудо. Другиот може да е побрз, по флексибилен, по снажен, по убав. Затоа велам комплетна личност.
Сакаш да бидеш комплетен? Биди трпелив. Вежбај напорно. Уживај во тренингот. Дружи се со луѓето во клубот. Развивај доверба со нив. Биди искрен. Пружи помош, без да очекуваш ништо за возврат. Биди лојален. Биди чесен. Гледај со убави очи. Не потпаѓај на провокации. Не дрдори непотребно. Биди отворен за учење. Издржи ги замките со кои учителот ја испробува твојата стабилност. Биди брз како ветер. Неподвижен како рид. Не сомневај се постојано. Не измачувај се со непотребни нешта. Сакај ја природата. Имај срце ко планина…
Многу е ова? Сакате да бидете комплетни? Татсуџин?
Не е лесно (насмевка) !!!
Сенсеи, земи ја тетраткава и види дали се добро сум запишал, ми се обрати Марко по завршувањето на петочниот тренинг.
Стигнав дома, и после изведувањето на истиот ритуал веќе две декади наназад (бележење на редовност, туширање, вечера), седнав да ја разгледам тетратката на Марко. И да бидам искрен, воопшто не бев изненаден. Што друго и може да се очекува од него.
Над 100 страници, рачно напишани во форма на дневник. Сите поважни датуми за него и за клубот забележани. Сите текстови од веб-страницата препишани. Многу цртежи и фотографии. Мал речник на јапонски термини. Се што се случувало во клубот е забележано во неговата тетратка со дебели корици од скај. Како архива.
Ги вртев страниците и размислував колку би бил среќен кога сите ученици би ја имале пожртвуваноста на Марче. Не дека и тој си нема мани, како што си имаме сите ние. Но, Марче има некои особини кои што се веќе заборавени категории во времето во кое живееме.
Не случајно секогаш кажувам, да го имаш Марко за пријател, значи дека си богат човек. Имаш некој на кого можеш да се потпреш, да му веруваш. Некој што секогаш ќе застане рамо до рамо со тебе и ќе се обиде докрај да ја брани вистината.
Правичен и строг. Тоа ќе му носи многу проблеми и секирации во ова време-невреме. Но затоа секогаш ќе го прави посебен. Анахронизам на едно друго време. Изумрено. Кое денес постои само на филмовите.