Уште неколку дена до крајот на семестарот. Потоа одиме на едномесечен одмор, а некои од нас ќе земат учество на нашиот нинџа камп.
Потоа повторно исто. Тренинг, тренинг, тренинг. Со една цел-добро позната на сите нас.
Од септември секојдневниот двочасовен тренинг се подигнува за уште едно ниво. На секојдневен четворочасовен тренинг.
По 22 години вежбање на 9-те школи на Буџинкан и 15-години подучување на истите во нашето доџо, од септември ќе се отвори уште едно за Даито рју Аикибудо (Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју).
Некои од Вас се уште ми поставуваат прашања во врска со тоа. Одговорот е едноставен. Школите на Буџинкан и натаму ми остануваат приоритет. Воопшто не се откажувам и не ги запоставувам. И вистина е тоа кога велам дека луѓето што постојано ги менуваат стиловите на крајот нема да научат ништо. Тие ќе останат изгубени и збунети во светот на Будо-то.
Моево е сосема различно. Јас дури после 22 години вежбање во една организација се одважив и си дозволив да почнам да проучувам други сродни стилови. Се со една цел. Сакам подобро да го разберам феноменот на Корју Буџутсу (класичните јапонски борбени школи). Сакам подобро да ги разберам школите на Буџинкан. Сакам да станам експерт за Корју Буџутсу (иако експерт гнасно звучи поради квази-експертите буцкачи што ги гледаме на вести).
Јас веќе одамна одлучив. Мојот живот го посветувам на боречките вештини. Но не само поради лични причини, туку и поради обврската кон моите верни ученици кои со години го следат и чекорат по мојот Пат. Тие го залужуваат најдоброто.
Затоа, мора да се биде експерт. За да се оправда нивната доверба.