Доверба

– Сенсеи, во ниту еден момент не се посомневав дека сме го промашиле патот до езерото.

Овие зборови излегоа од устите (срцата) на Зоки Старото и Марче веднаш штом стигнавме до крајната цел на вчерашниот семинар.

Многу ми е мило поради довербата дадена од овие двајца ученици. Досега не сум почуствувал од нивна страна било какво сомневање за се што правам за нашето семејство – Буџинкан Македонија.

Но довербата е взаемна категорија. И јас нив им верувам толку многу, што никогаш не сум се посомневал во ниту една ситуација.

Со Зоки и Марче би заминал на крајот на светот без притоа да понесам нешто со себе. И не ми ни треба. Ниту оружје, ниту храна. Најважното го носам во срцето. Довербата.

Шугендо

Изгори и движи се или застани и умри е мотото на Буџинкан Македонија кога станува збор за семинарот Патот на Шугенџа (Walk and burn or stop and die).

Оваа година би требало да биде дупло полесно од минатата. Но…не се знае. Тоа е во Божји раце од едноставна причина што кога сте во природа, никогаш не можете да ги предвидите работите до крај, па затоа секогаш излегуваат некои непредвидени ситуации.

Без разлика на се, јас планирав да биде самоубиствено. Но…изгледа имате „мала среќичка“. Пред пет дена го победив стомачниот вирус, а еве го закачив и овој на грлово. Раната од (полу)успешната операција ми го грчи мускулот на листот на подколеницата. Сето тоа прави маршот да се спушти за едно ниво полесно. Од самоубиствено на убиствено темпо. Нема оправдување за никого, а најмалку за мене. Ќе направам се за да Ви го загорчам денот в недела.

Исчистете го Вашиот ум (сите слабости потекнуваат од таму). Бидете фокусирани. Бидете силни.

Со среќа.

Фумон Танака

Господинот се вика Фумон Танака. Неговата биографија е преполна. Неговата ќерка се вика Мидори. Фумон е спремен да ја прекрши старата традиција за наследство на боречките школи со тоа што ќе ја назначи ќерка му (нема машки наследник во семејството) за следен соке на неколку школи (на кои тој е соке).

Тоа што сакам да видите е прецозноста и довербата која ја имаат еден со друг.

Неверојатно.

Злато

Дозо.

И ете ја таа трча од едниот крај на салата до другиот. Се поклонува до земја и почнува да вежба со напредните ученици. Има само една цел. Да научи што повеќе.
Мислите дека е лесно да се истрчаат тие 10 метри?
Не е. Во тој трк треба да го изгазите сопственото его под нозе. Да го смачкате и уништите. Пробајте ако не ми верувате. Направете го истото и ќе видите дека не е толку лесно.

Е да, некој ќе помисли, „таа е мала, не размислува, не знае уште ништо и затоа и е лесно да го направи тоа“.

Можеби, но тоа не е изговор за да претпоставиме дека тоа нема да го прави и во иднина. Да и дадеме шанса. Времето ќе покаже. Дотогаш…

Кога ќе те погледне в лице, кога тивко ќе побара нешто, кога очите ќе и се наполнат со солзи, чувствуваш дека мораш да најдеш начин како да и помогнеш.

Родителите сигурно се гордеат со неа. Јас се гордеам со неа. Буџинкан Македонија се гордее со неа.

Чувај го срцето чисто. Полни го само со љубов. Затвори го за негативните чувства. Остани таква…

Косара Перчинкова, ти си воин.

Оно ха Итто рју

Како што Ви ветив, еве ви снимка од Оно ха Итто рју. Оваа демонстрација е изведена од главната лоза на Оно ха Итто рју, а чичето со белата коса што ги изведува техниките со шинкен (вистински меч) е соке-то на вештината Такеми Сасамори. Забележете ја контролата додека работи со мечот, но и Они Готе (демонските ракавици) на почетокот.

Сигурно забележавте (иако демонстрираат многу напредни кати) дека има сосема мали разлики со нашата Такеда ден (да речеме во ваки но камае).

Како и да е, моќноста и на двете школи е очигледно иста.

Лузер(и)

Пред два-три дена ја слушнав последната лага која лузерите ја лансирале против мене. Наводно ме избркале од Буџинкан федерацијата (изгледа мислеле на Буџинкан Доџо). Замислете немаат попаметна работа, па секоја средба со некој наш (поранешен или сегашен) член ја користат за византиски интриги и турски сплетки.

Се уште не ми е јасно, како тоа ме избркале од Буџинкан, а јас тоа не го знам. Да се малку паметни, ќе им текне дека шихани од 15 дан не доаѓат да одржуваат семинари кај некој што е избркан од Буџинкан. Но, можеби тие и не се виновни што му веруваат на нивниот „ментор“ (кој не може ниту до трети кат пешки да се качи). Тој ги лаже нив, па тие ги лажат другите. Да, можеби не се виновни, но се злобни, затоа што гo брцат носот таму каде што не им е работа. А кој го брца носот каде што не му е работа, може многу лесно носот да го скрши.

Откако залудно праќаа мејлови наоколу (замислете пратиле дури и на Свенерик, кој така слатко им се изнасмеа) и не им успеа ниту една кампања, сега одлучиле да се обидат со лаги да предизвикат раскол во клубот. Но тука најмногу се заебале. Во клуб каде што членуваат морални и чес(т)ни самураи, Вранишковци немаат никакви шанси.

Мене една работа не ми е јасна. Како некој може толку да биде опседнат со туѓ живот, што на секој начин посакува да му наштети. Дали холивудското клише дека „кога твојот живот е толку досаден и патетичен почнуваш да се мешаш во другите“  навистина фнкционира? Одвратно, но изгледа навистина е така.

Но што е интересно? Колку повеќе посакуваат да наштетат и се обидуваат да нанесат зло, да рашират лаги и клевети, толку повеќе сме успешни. Бидејќи ништо не им успеа, останува варијантата да почнат да фрлат клетви, да ангажират бајачки и вештери за да ме уништат. Или… ми текна. А да направат кукла со мојот лик и да ја боцкат со игли? Хммм, дури и тоа да успее, луѓето што веќе се одредени да ме наследат ќе ја продолжат истата политика на водење на Буџинкан Македонија. Чесно, лојално и одговорно да ги подучуваат учениците, да ги почитуваат колегите и НАПОРНО да тренираат. И најважното, да не дозволат инфилтрација на пички во душа и педерчиња во карактер во нашиот клуб.

Инаку, последнава лага има и други маани. Да речеме дека еден ден ќе им се насмее среќата и навистина ќе „ме исфрлат“ од Буџинкан. Дали со тоа ќе ми го земат и знаењето? Дали тоа ќе го намали квалитетот на нашиот тренинг? Дали тоа ќе ја намали почитта што нашиот клуб ја има од сите други клубови? Не! Секако, не треба да си многу паметен за да донесеш таков логичен заклучок. Но некој изгледа нема мозок дури ниту за таква едноставна операција (а сака очајно да биде нинџа). Луѓето доаѓат да вежбат поради квалитетот на тренингот и нивото на знаење во нашиот клуб. И најважно, ОСТАНУВААТ поради тој квалитет. Нив не им значи ништо на која организација припаѓаат. Но им значи знаењето кое го стекнуваат во Буџинкан Македонија. Се чуствуваат убаво, здраво, среќни се. Уживаат до другарството и во одличната (најпозитивна) енергија. Ништо друго не ги интересира. Досега ние не сме залепиле ниту еден плакат низ градот. А во моментов имаме околу 50 редовни вежбачи речиси на секој тренинг. Со тоа сме еден од најголемите клубови во земјата (но и во Буџинкан). И Буџинкан е побогат со такви клубови. А не со виртуелни клубови во кој што има еден учител и еден ученик(и тоа врзани со родниска линија).

Нас не ни треба никаква реклама. Добриот збор за добриот тренинг ги носи луѓето во нашето доџо. Тие и не знаат ништо за Буџинкан кога ќе дојдат.

Успехот не се гради со тоа што ќе ги исфрлиш сите членови на Буџинкан Македонија од Фејсбук и ќе се надеваш дека барем 20 од 2000-те Фејсбук „пријатели“ не те следат, па можеш да шириш клевети и лаги на Wall-от. Не помагаат ниту муобети за лажни дипломи, ниту обвинувања за „криво мочање. Помагаат само: крвавиот тренинг, големата љубов и искрените намери.

Љубомората е болест. Затоа-fuck you!

Почеток и најави

Полна сала, насмеани лица, испотени маици и кимона. Мириса на пот (тренинг).

Буџинкан Македонија.

Уште од врата се насетува желбата за вежбање. Посилна е од се. Толку силна што веќе е составен дел од нашите карактери. За нас тренингот е повеќе од култура на живеење. Пополека станува култура на постоење. Наш идентитет.

Годинава ќе ја довршиме со Кото рју Коппоџутсу. До каде ќе стигнеме, дотаму. Повторно ќе се вратиме на неа. Животот е пред нас. Ние го грабиме со две раце и полни гради свежа енергија.

Следната година ќе работиме Такаги Јошин рју. Какви ли само тајни крие таа школа? Прекрасно.

На 26 овој месец е традиционалното шугендо. Ќе биде јако како и секогаш. Потоа доаѓа Штефен Фролих.

Останува да се договориме кого сакате да го викнеме следната година. Јас сум повторно за Свенерик. Ако имам ваша подршка, стариот викинг ќе дојде да не мотивира некаде во април.

Продолжуваме напред. Освојуваме души, ги усовршуваме, се усовршуваме. Исто како и самураите и нинџите кои имале само една цел.

Од станување до легнување се што правиме се трудиме да го правиме совршено. Делата нека зборуват, устата никогаш нека не погани.

Тоа е дух. Тоа е Будо.

п.с. Овој напис требаше да го посветам на еден СИНДРОМ. Но поради опасност компјутерот да ми фати вирус, одлучив да ја почнеме годината како што треба. Со арно со убаво. Ова нека биде почеток.