Во вештината за преживување, има многу чудни правила на кои мораме да им се покориме и доследно да ги применуваме.
Се сеќавам на првото преживување, кога на последниот тренинг им реков на учениците дека би било пожелно да ги отстранат сите влакна од телото пред да заминеме во дивината. Повеќето ме гледаа чудно и со неверување. Некои дури и помислија: „Што зборува сенсеи? Зарем еден толку традиционален и конзервативен тип може да бара вакви педерски работи од нас“.
Педерски!? Стереотип? Не се разбирам воопшто од педерастија, но мислам дека пливачите, ватерполистите и фудбалерите не се педери (барем повеќето од нив). Тоа што јас го знам е дека влакнавоста не е баш хигиенска доколку секојдневно тренирате и се потите како говедо. (А со сигурност знам и дека ако ги отстраните влакната, воопшто нема да Ви се намали апетитот за жени).
Но какво е тоа правило кога станува збор за вештината за преживување?
На последниот семинар прекршив две правила.
Прво, вежбав во хакама во висока трева, а без долно кимоно и кјахани.
Второ, не ги остранив влакната од телото, иако беше пеколно топло (пролет / лето).
Првото прекршување на правилото допринесе крлежот лесно да влезе во мојата ногавица од широката хакама, а второто прекршување направи да не можам да го забележам тоа г’нсно паразитче поради влакната позади кои суштеството се криеше.
Е сега, доколку знаете какви непријатности може да предизвика убодот од крлеж, почнувајќи од инфекции, па до запаленија на мозокот, би било паметно да се придржувате на правилата доколку одите често на семинари во природа односно на места кои што се природно живеалиште на разните животинки кои понекогаш на незгоден начин го зачинуваат нашиот живот.
Покори се на правилата!