„Ако лошите мисли навлезат во умот, тие ќе се прошират како мувла, се додека не го замирисаат целото битие„
Петок: Во 17.00 го вдишив воздухот што дава сила, енергија, воља…
Сабота: 05.00 веќе на нозе. До 07.00 расчистување со цел мајсторите да можат веднаш да почнат со работа. 07.30 веќе се поставува електрична инсталација во доџо-то. 12.00 се меша малтер за да се почне со „шприц“. 14.00 два камиона со градежен материјал паркираат во Живуша. Истоварање и носење во доџо. На грб и на раце. 17.30, завршено за денес.
Недела: 05.00 веќе на нозе. До 07.00 расчистување со цел мајсторите да можат веднаш да почнат со работа. 07.30 камената волна се реди на таванот. Телото чеша од прашина, рацете со рани и суви од малтерот и од чеканот. 17.30, завршено за денес. Првите несогласувања и кавги со новите мајстори почнуваат. „Измрдуваат“ од почетниот договор. Мислат дека јас „спијам на пари“ и сакаат повеќе да заработат. Не веруваат дека сето тоа што се гради е со пари од кредити кои треба цел живот да се отплаќаат. 18.00 разочаран од луѓето се повлекувам на С’мкнено да размислувам. 18.45, лошите мисли навираат. Апатијата совладува. „Дали вредат сите овие нервози ? Дали ова навистина ми требаше ?“
18.50 победа. Лошите мисли целосно избркани од умот. Апатијата заменета со оптимизам. Дали вреди ? Секако дека вреди !
Само треба трпение. Да се издржи. Да се совлада. Да се победи. НИН 忍