Лихвари и должници

Успехот постигнат преку ноќ има краток век на траење. Секоја инстант слава завршува неславно. Газењето преку трупови и забивањето нож во грб на пријателите, порано или подоцна ќе се врати како бумеранг.
Тоа се случи. Точно како што предвидов. И воопшто не беше тешко да го сторам тоа.

Тажната приказна оди вака. Пријателот од соседната земја ти се жали дека е обесправен и бара помош од тебе. Му подаваш рака и го вадиш од анонимноста. Го вивнуваш од калта право во височините. Го запознаваш со луѓето и зборуваш добро за него.

Му тргнува добро. Во височините е убаво. Воздухот е попријатен.

Наместо да биде благодарен, тој станува алчен. Сака повеќе. Бара повеќе.
Станува независен. Го свртува грбот. Ги свртува луѓето кои вие сте му ги пратиле против вас. Изневерува на најбезобразен начин. Со вашите ученици. Врбува. Отворено флертува со тие со кои не би требало. Придобива. Мисли дека ве надминува.
Верува дека е најдобар.

Организира семинари. Заработува. Се шири.

Но должи. Се задолжува. Не само што не го враќа долгот, туку и намерно го заборава. И лаже. Дрско и безобразно. И не признава.

Но до кога? Може ли така? Смее ли така? Ќе го дозволи ли природата тоа?

Задолжувањето кај лихварите не е исто како задолжувањето кај пријателите. Вторите простуваат. Првите никогаш. Вторите не го бараат долгот за возврат, тие само сакаат почит. Кај лихварите не е така. Мораш да го вратиш долгот. Стануваш обврзен да одиш на нивните семинари. Те поседуваат. Или ќе пушиш или си готов. Немаш избор. Можеш да му избегаш на еден лихвар, но ќе мораш да одиш кај друг. Од новиот лихвар земаш, на стариот му враќаш. И се така во круг.

Но до кога?

Додека сите лихвари не дознаат дека тоа го правиш постојано. И додека не те исплукаат преку Фејбук онака како што ти ги плукаше твоите пријатели. Додека јавно не се откажат од тебе. И на крајот крилата ги снемува. Ти ги поткаструваат. Паѓаш повоторно надолу. Назад во говната, назад во калта.
За жал, пријателите веќе не можат да ти помогнат. Ти ги уби. Им забоде нож во грбот. Го заборави тоа?

Повторно си мал и сам. Пријателите напредувале споро и чесно. Но немаат газди. Не должат на лихвари. Почитувани се. Најдобрите мајстори се со нив. Најдобрите организации ги посакуваат во своите редови. Соработуваат со нив. Затоа што тие никогаш не забивале нож во грб. И секогаш помагале. Не должат никому. Живеат мирно. Напредуваат сигурно.

Пријателите се уште го чуствуваат ножот в грб. Се уште ги боли местото на убодот. Но не ти се наситуваат. Дури те сожалуваат.

А како да се наситуват? На што да се наситуват? Должниците и лихварите го уништија Буџинкан. Зарем на тоа треба некој да се радува? На плуканиците на интернет? Смрдеата во етерот? На озборувањето. До кога? До кога ќе ги гледаме овие ефтини приказни со лесно предвидливи завршници?

Залет

Викендов разгледував некои стари фотографии и писма поврзани со мојот тренинг во Буџинкан. Случајно налетав и на моите стари дипломи кои значително се разликуваат од денешните. Се потсетив на времето кога се вежбаше за знаење, а не за дипломи, но и на времето кога тие почнаа да стануваат средство за заземање на подобра положба во организацијата.
Тоа беше време кога сите дипломи беа доделувани од страна на водачите на доџо-а. А истовремено беа под покровителство (и признаени) од страна на соке Масааки Хатсуми. Тоа всушност и го пишуваше на самата хартија. Повеќето од денешните топ инструктори (шихани) всушност имаа такви дипломи за кои што јас пишувам.
Некои од тие парчиња хартија изгледаа и прилично смешно, зборувам од визуелна гледна точка, но сепак, никој не се грижеше за тоа. Знаењето беше тоа што беше приоритетно.
Потоа, одненадеж дојдоа нови времиња. Падна одлука старите дипломи да се заменат со нови. Тие што имаа услови да заминат во Јапонија, тоа го направија лесно. Тие што немаа, се молеа кај тие што имаа, со цел да им бидат признанени или да ги преполагат повторно.
Заебани времиња, но сепак, доста почесни од овие сегашниве.
Денес, многу млади мајмуни ќе се залетат и ќе се „фатат“ за дипломите. Не за џабе велам, да се фатиш за работа што не ја познаваш, е исто како да се „фатиш“ за нешто „друго“. И не случајно додавам, за да зборуваш за деликатни работи (како за дипломи), треба да ја познаваш ДУШАТА на Буџинкан. А тоа го можеш само ако си бил, и се уште си, со ЛУЃЕТО кои биле дооолги години во јадрото. Но ако си маалска џукела која што само знае да лае (по тој што го ранел), а која се продава за парче хартија (диплома) на некоја друга маалска џукела, која што е малку попамента од тебе, тогаш цел живот ќе останеш „кусур за поткусурување“. И ќе се лажеш дека твојата лага е вистина се додека и самиот навистина не поверуваш во неа.
За сите тие што се залетале како млади мајмуни, еве им фотка од диплома за нидан (името го замачкав поради заштита на приватноста) на еден од денес најголемите авторитети во боречките вештини во Европа.
Не мора воопшто да се чудите и распрашувате. Да бевте во Буџинкан во тие години, кога се уште мочкавте во пелени, ова ќе ви беше сосема нормално.

Советите на Соке

„Техниките опишани во старите документи (деншо-а) ги преживеале борбите на бојното поле и биле пренесувани на следните генерации. Тие не се романтични визии и измислени сценарија, туку реални ситуации со докажана ефикасност. Ако техниките не биле ефикасни, тие ќе умреле за време на битката и ќе немале можност да бидат запишани.
Иако техниките се резултат на борбено искуство, тие биле запишувани за време на периодите кога владеел мир, од остарените воини кои веќе долго време немале искусено борба.
Ние мораме да ги почитуваме овие техники, да ги вежбаме постојано и да ги пренесуваме во оригиналната форма како што биле пренесени на нас. Но откако добро ќе ги совладаме, мораме да ги приспособиме на денешното време, на модерниот начин на борба и на денешните услови.“
-Масааки Хатсуми
_______________________________________

Мислам дека со ова Соке дава одговор на многу прашања. Баш поради тоа, во нашето доџо инсистираме на оригиналните записи и техники.
Како што минуваат годините, ќе изградиме систем составен од начинот на борба собран од сите школи (кои ги вежбаме), но САМО откако перфектно ќе ги научиме оригиналните техники односно кати. И откако ќе го здобиеме потребното искуство да процениме што најдобро функционира во денешниот свет (начин на борба размислување, услови). Но секогаш, ама баш секогаш, основата ќе се крие и ќе се бара во старите рју-ха!!! Тие ќе бидат почеток и крај на секој Пат.
Ќе се раководиме според советот на Соке. Затоа е одбран да биде Соке.

За желбата, пркосот и јунаштвото

Овој напис лесно можеше да добие наслов „Непослушност“. Но само доколку се работеше за некој друг ученик, а не за Марче. Не, за ученикот кој толку многу пати ја покажал и ја докажал верноста кон мене и кон моето доџо. Не, за ученикот кој секоја задача ја исполнил без задоцнување и без дополнителни прашања. Не, за ученикот кој никогаш не покажал недоверба или сомневање за некоја моја постапка или акција.
__________________________________________________________
Пред една година забележав мал оток на грбот на Марко. Веднаш знаев за што се работи. Искуството во доџо и годините поминати во тренинг допринесоа да можам лесно да препознавам „бурза“ (бурзитис). Тоа е поткожен оток исполент со течност кој телото го создава како одбрамбен механизам за заштита од чести трауми (удари) нанесувани на иста површина. Тоа најчесто е професионално заболување (паркетари, хигиеничари, спортисти итн.)
Кога првпат ќе се појави, треба да се престане со трауматизирање на местото и за кратко време отокот ќе се повлече. Но доколку ударите упорно продолжат, тогаш отокот се зголемува и прогресира.
Му кажав на Марко дека веднаш треба да престане да паѓа на тврдо и еден период не го користев како уке. На почетокот се чуваше од падови. И отокот се повлече.
Отокот се повлече, но не и Марко.

Неговиот јуначки карактер, цврстината која ја поседува и големата желба да вежба на начин како што вежбал неговиот учител (јас), направија тој повторно да се врати на паркетот без воопшто да се грижи за своето здравје.
Деновиве забележав дека отокот повторно се појавил. Овој пат можеби нема да се повлече. Сум се изнагледал бурзи кај пријателите од Буџинкан во некои соседни земји.
На секој тренинг, намерно јавно давам инструкција сите да вежбаат на татами (каде што нема опасност од бурза), но таа, (од мене) таканаречената хард кор група воопшто не ме слуша и веднаш се затрчува кон паркетот. Кога ќе го видам тоа, одам право кај Марче и му кажувам да оди на татами. Тој ќе се поклони, ќе направи израз на разочарување и повторно продолжува да паѓа на паркет. Не ме слуша воопшто и не ја извршува мојата наредба.
Драг Марче. Сега ти се обраќам директно на тебе. Јас паѓам на тврда површина од 1988 година. Во нашето доџо немало татами се до почетокот на 2011 година. Тоа беа годините на хард кор тренинг. Доста беше. Моето тело е целото со повреди. Но не мора и ти да го поминеш мојот Пат до крај. Учи од моите грешки.
Во минатото, во феудална Јапонија се вежбало хард кор. Но животниот век бил 40 години. Воинот се лузни и отоци се сметал за велик. Тоа било знак на воинство. Денес е знак на грдост. Денес (за жал) повеќе се цени нежноста кај мажите отколку вештината.
Доколку воинот доживеал 40 години, поради многуте повреди продолжувал да вежба само со меч (кенџутсу). Денес важи правилото дека човекот почнува да живее од 40-тата година, па натаму (како-па-да-не). Затоа те молам успори. Послушај ме. Полагањето нека ти биде последното укеми на паркет. Остави им го тоа на младите. Новото правило нека биде: до шодан паркет, потоа татами. Тоа ќе биде компромисот дека нашето доџо не омекнува.
Сега се обраќам на другите. Марко не ме слуша и вежба на паркет, иако го предупредувам пред секој час. Затоа, Ве молам, немојте Вие да прифаќате да вежбате со него на тврда површина. Послушајте ме Вие. Така ќе го заштитиме него.
На крајот, сепак ќе Ви ја пренесам последната изјава на Џорџ С. Пјер (шампион во УФЦ и голем воин на денешницата). Чисто колку да знаете дека боречките вештини си носат одредени последици и ризици. Тие отсекогаш биле и ќе бидат привилегија за посебна сорта на луѓе.

„I did injure my other knee, but after my surgery I’ll be making a full recovery in 6-9 months. It’s tough, but injuries are a fact of life for athletes. I might be down right now but I’ve gotten to where I am by overcoming obstacles. This will motivate me and I make this promise to my fans, mark my words, I will be champion again. I’ll be back stronger than ever“

Georges St-Pierre

п.с. Написот нема намера некого да исплаши или предупреди, ниту пак да признае некакви грешки од минатото.
Тој се однесува само на Марко и на неговото прекрасно укеми кое го изведува крајно пожртвувано и атрактивно без штедење и калкулации.

Периоди во јапонската историја

Ги набројуваме периодите бидејќи Ви се потребни за подобро да ги разберете јапонските боречки вештини односно полесно да можете да ги разберете предавањата за време на нашите часови.

Антички период

  • Џомон 14.000 – 300 пред наша ера
  • Јајои 300  – 250 наша ера
  • Кофун 250 – 538

Класичен период

  • Асука 538 – 710
  • Нара 710 – 794
  • Хеиан 794 – 1185

Феудален период

  • Камакура 1185 – 1333

-Кенму 1333 – 1336

  • Муромачи (Ашикага) 1336 – 1573

-Нанбоку чо 1336 – 1392

-Сенгоку 1467 – 1573

  • Азучи Момојама 1586 – 1603

-Нанбан

Едо период (Токугава) 1603 – 1868

Меиџи период 1868 – 1912

Таишо 1912 – 1926

Шова период 1926 – 1989

Хеисеи период 1989 – сегашност

Знаење

Како функционира здобивањето на знаење кај членовите (и уште повеќе кај тие што се лажат себеси дека се членови) во Буџинкан Доџо?
Едноставно. На пример, сака да добие знаење (со кое подоцна ќе се перчи пред учениците дека многу знае) за Шинден Фудо рју Џутаиџутсу.
Отвора Google, пишува Шинден Фудо рју Џутаиџутсу, по што се отвораат резултатите. Прва на листата најчесто е Википедија, а потоа следуваат веб страници на кои има некакво објаснување за оваа школа. Откако трагачот по знаење ќе се увери дека ја открил „вистината“, бидејќи истата приказна за ШФРЏ е идентична на сите страници, тој преминува во потрага по некој торент од каде што може да симне некое видео од Хатсуми за бараната школа. На крајот, за да целосно го заокружи знаењето, трагачот ќе симне и некоја e-book во пдф и  веќе целосно е уверен дека научил се.

Е сега, се е супер, додека сезнајкото еден ден не разбере дека знаењето се бара од сигурни извори и луѓе кои имаат академски пристап на истражувањето и здобивањето на знаењето. Тоа подразбира читање на стари документи поврзани со школата, употреба на независна литература напишана од истражувачи со реноме, како и соработка со јапонски ( и нејапонски) ерудити чија специјалност е „историјата на традиционалните јапонски боречки школи“.
Но, за тоа треба да се вложи време, пари и многу непроспиени ноќи.
А зошто е тој луксуз, кога интернетот несебично се „дава“ на дланка?
Така, веднаш дознаваме дека Шинден Фудо рју Дакентаиџутси и Шинден Фудо рју Џутаиџутсу се иста школа основана од Изумо Канџа Јошитеру, поделена на некакви си два дела.
Потоа од видеата ги учиме катите на школата. (Зарем мислите дека соке или било кој друг толку лесно ќе ги даде оригиналните кати на некој што има пари за да си купи двд за 30 долари? Кога ги гледам сите тие двд-ја се чудам колку авторот се потрудил за погрешно да ги пренесе катите на широкиот аудиториум.)
И на крајот, книгите во електронска форма. Тие ги добивме без пари и баш се cool. Еве во книгата која што сите ја користиме како основа на нашето знаење: „Вовед во школите на Буџинкан“, од П. Ричардсон, ја има целата историја на тацна. Така научивме дека ШФРЏ во шоден има 16 кати.
Но, секој што сериозно се занимава со историјата, од срце се смее на овие сосема погрешни информации.
Почнувајќи од „заедничката историја“ на ШФРД и ШФРЏ.
Имено, станува збор за сосема различни школи меѓу кои има јаз од неколку века. Потоа погрешното читање на името на основачот на ШДРД (не се чита Канџа, туку Каџа), па се до бројот на катите кои се 27, а не 16. И се разбира уште мал милион грешки кои на интернет на големо се шират преку копи-пејст.
Секако, немам намера историјата на школите да ја „плеснам“ на мрежава јавно. Не поради истрошените ноќи истражувајќи ја темава, не поради илјадниците евра вложени во истражувањата, не поради дадениот збор на луѓето со кои соработувам дека резултатите од истражувањето нема јавно да ги објавуваме, туку најмногу поради почитта кон моите ученици кои се лојални кон доџо-то и кои на потежок (и правилен) начин сакат да дојдат до знаењето.

И на крајот НЕ поради оние ситни гомца кои дремаат на интернет и тренингот го поистоветуваат со читање веб-страници и симнување видеа, а потоа се самопрогласуваат за мајстори и експерти. НЕ, поради нивната максима: „гледам видеа и читам на нет=значи тренирам“.
Епа нека го испотат газот малку.

Од сандачето

„Сенсеи, знаете дека не сум една од личностите кои премногу се залагала за вештината и која одела по семинари премногу и кои ви кажуваат дека живеат за корју буџутсу, бидејќи навистина не сум до толку инволвиран во вештината, бидејќи ја тренирам првенствено за свое здравје (физичко и ментално) и социјализација. Но денес се потсетив дека секоја втора вечер сум во сала и поради вас. Кога сабајле ви ја видов сликата на фејсбук како лежите блед како крпа во кревет со тешка повреда си реков: “Добро како може овој човек да продолжи да тренира? Зарем не му треба време да закрепне од таква повреда?” И дојдов денес на тренинг со мисла дека ќе ве видам натажени и во болки. Но кога влегов во сала го видов сосем спротивното, што многу ме зачуди. Ликови во цут на младост, во години со полна енергија и сила и никакви проблеми прават џунан таисо намуртени, а човекот кој пред две недели сериозно си ја повредил кичмата и рбетот ми се смешка во ќошот на салата. Со тоа ме уверивте дека вие можете и ќе победите се во животот. Со тоа се потсетив зошто тренирам. Чест ми е што ве знам и што сум ваш ученик.

Со почит Дамјан

…..

Пред неколку недели објавив напис со наслов „Суеверие“.
Сега, овој напис ќе оди без наслов.
Поради суеверие ???
———————————————————————————-
Последниве месеци многу се посветив на проучување на механиката и динамиката на движењето на човечкото тело. Читав, вежбав и посетував неколку курсеви на таа тема. Се запознав со неколку физиотерапевти кои се посветиле на некои сродни науки за човечката анатомија и физиологија.
На едно од тие патувања со мене беше и Ацо и за време на патот имаше можност да слушне дел од заклучоците и плановите за во иднина.
На некои од моите ученици за дел од тие планови им кажав за време на семинарот „Шиноби Арукихо“.
Дел од вежбите ги правев или ги предавав за време на џунан таисо или џунан ундо.
Суеверие? Претскажување? Припрема?

————————————————————————————

Ми се случи незгода. Тоа што го учев последниве неколку месеци сега треба да го применам на себе. А намерата беше да помогнам на тие на кои има треба помош. На учениците кои имаат неправилно држење на рбетниот столб, па поради тоа често имаат и болки, истегнувања или повреди. Но ете, судбината сакаше најпрвин методот да го испробам на мене.
Тоа што со месеци го подготвував како мој (нов) систем за самолекување и одржување на физичката кондиција на телото (Шиноби Таисо ®), сега ќе треба јавно да го промовирам. Но секако, најпрвин ќе мора да го применам и потврдам на себе.
Суеверие? Претскажување? Припрема?
—————————————————————————

Следниве неколку недели, ќе имаме мала измена во начинот на џунан таисо и џунан ундо. Но за тоа ќе Ви објаснам дополнително.
Иккан!!!

Левата рака

Вчера Зоки напиша на ФБ: „Имаме две раце! Не ја заборавајте ја Левата!“
Кога тој ќе напише нешто, обично има коментари и лајкови колку ти душа сака.
Вчера немаше ништо. Збунетост. Јас одлучив да ја зголемам збунетоста и напишав „џуте“ како коментар. Уште поголема збунетост. Сега и тие што можеби помалку го разбраа, замолкнаа.
Си реков, ќе почекам еден ден, па ќе проговорам.
Зоки Ви зборуваше за Буке Шохато. А беше инспириран од мојот прекор кон Вас. Вие заборавивте на левата рака. Уште поточно, Вие и не знаевте за левата рака, бидејќи не бевте заинтересирани да го „голтнете изџваканото залче“.
Таман помислив дека разбравте дека без левата рака (литературата) Вие сте обични „тепачи“, денес во салата десет „тажни фаци“ тагуваа по „загубената младост“.
Па побогу, до кога да Ве учам? Последниве тренинзи бевте толку позитивни, што помислив дека сте ја научиле лекцијата на животот, кога денес, пак гледав некои тапосоидни погледи од неколкумина.
Јас другари, имав тренинг од 18.30 до 20.20 ( со 15 мин. пауза од 19.30 до 19.45). На приватните часови бев и сенсеи и тори и уке. Таму правев (правам) џунан таисо и џунан ундо. Потоа Ве подучував Вас (во две групи). Сега, после тушот следува тренинг со Н. на која треба да и предадам тоа што го научивте и Вие.  И покрај сето ова, влегов во салата насмеан.
Па добро, што Ви беше Вас? Бевте позаморени од мене? Или се лутевте поради тоа што Ве карав за Левата рака?
Ќе карам и ќе тепам. Се додека не извадам максиМун од Вас.
Затоа, запомнете го добро првото правило на Буке Шохато!!!
Корју се вежба со срце, корју се вежба со дух.

п.с. Кој се лути да јаде жути, кој се срди да јаде тврди.

Извинување

За многумина (или неколкумина) верувам дека сум досаден кога ги повторувам речениците. Но последиците од вежбањето корју буџутсу никогаш не се бришат. Една од нив е љубезноста кон блиските.
Затоа, јас сакам уште еднаш да Ви се извинам што во последниве две недели доцнев на тренинг по 15 мин. И уште повеќем, барам прошка што ќе доцнам и следните две.
Ангажиран сум за приватни часови за нинџутсу. Се одржуваат од 18.30 до 20.00 часот.
Прифатив бидејќи сум должен како грчка (за доџо-то).
Се надевам дека ме разбирате и верувајте ми дека не ми е сеедно што доцнам на часовите во доџо-то.
Искрено Ваш,

Довезенски