Покори се на правилата

Во вештината за преживување, има многу чудни правила на кои мораме да им се покориме и доследно да ги применуваме.
Се сеќавам на првото преживување, кога на последниот тренинг им реков на учениците дека би било пожелно да ги отстранат сите влакна од телото пред да заминеме во дивината. Повеќето ме гледаа чудно и со неверување. Некои дури и помислија: „Што зборува сенсеи? Зарем еден толку традиционален и конзервативен тип може да бара вакви педерски работи од нас“.

Педерски!? Стереотип? Не се разбирам воопшто од педерастија, но мислам дека пливачите, ватерполистите и фудбалерите не се педери (барем повеќето од нив).  Тоа што јас го знам е дека влакнавоста не е баш хигиенска доколку секојдневно тренирате и се потите како говедо. (А со сигурност знам и дека ако ги отстраните влакната, воопшто нема да Ви се намали апетитот за жени).

Но какво е тоа правило кога станува збор за вештината за преживување?
На последниот семинар прекршив две правила.

Прво, вежбав во хакама во висока трева, а без долно кимоно и кјахани.

Второ, не ги остранив влакната од телото, иако беше пеколно топло (пролет / лето).
Првото прекршување на правилото допринесе крлежот лесно да влезе во мојата ногавица од широката хакама, а второто прекршување направи да не можам да го забележам тоа г’нсно паразитче поради влакната позади кои суштеството се криеше.
Е сега, доколку знаете какви непријатности може да предизвика убодот од крлеж, почнувајќи од инфекции, па до запаленија на мозокот, би било паметно да се придржувате на правилата доколку одите често на семинари во природа односно на места кои што се природно живеалиште на разните животинки кои понекогаш на незгоден начин го зачинуваат нашиот живот.
Покори се на правилата!

 

патот на Патот

-Те чекаме сите сенсеи, неверојатно горди, честитки!!!

-Останав без зборови…

-Нема зборови за ова. Факт, многу важна животна лекција – колку и да те сопнуваат и ти работат зад грб, квалитетот секогаш излегува на површина. Gambatte!

-Возбудена и без коментар…Сенсеи честито,сите сме горди со тебе.

-Сенсеи тоа што го носиш околу половината тешко е колку една планина, отсекогаш било, само сега знаат и другите!
Ако нека знаат! Сега уште повеќе ја сакам Македонија, а и Б.М! Нека ни се вечни!

Ваквите изблици на љубов и почит, ваквата подршка, не дозволуваат никогаш да застанете на Патот.
Оваа година ја почнав „турбо“. За шест месеци-шест семинари во странство. За шест месеци-шест семинари во природа. И ниту ден пропуштен тренинг, се разбира.
Но, времето си го прави своето. Малку, помалку.

Мислам…чекорењето по Патот отсекогаш и секогаш ќе ми причинува најголемо задоволстѕво, но патот (физичкиот) кој што треба да се помине на Патот, почнува да ме заморува.

Менување по неколку авиони, трчање по белосветски аеродроми, автобуси, возови, трамваи, возила, мотели, соби итн. Барање слободни денови, пополнување формулари, граници, царини. Обезбедување пари, позајмици, должници, камати. Без семејство, без деца, без сопруга…сам на патот.
По некое време (два-триесет години) сето тоа помалку станува тешко. Особено кога сте заинтересирани само за тренинг и напредок на личен и на клубски план.

Ете, затоа овој напис го почнав со Вас. Затоа што сакам да Ви се заблагодарам на подршката и љубовта што ми ја давате. Тие мали реченици, тие ситни букви што ќе ги напишете, дават огромна сила и енергија за понатаму. Иако не стигнувам секогаш да одговорам на сите, јас внимателно го читам секој Ваш збор.
И сум бескрајно благодарен затоа што ми помагате полесно да го совладувам патот на Патот!

Гамбате!!!

п.с. Чуството кога ќе дојдеш дома, двете ќерки ќе ти се обесат на врат и ќе ти викат „татенце“, а малиот ќе ти се закачи за нога и ќе почне да те гриза.

(лажливо) Лето

Секоја година, со почетокот на јуни, бројот на учениците во доџо-то започнува да се намалува. Во салата за вежбање станува се пожешко, влагата расте, воздух нема ниту за лек. Тоа предизвикува мачнина, мрзеливост, тромавост.
А надвор, девојките ги шетаат своите телца во кратки сукњички, батковците се пуват во припиените маички, сладоледот е толку вкусен, а пивото ладничко за мерак. Сите се раздвижени, кафеаните се полни, живот насекаде.
Сето ова звучи многу примамливо за некои. Мирисот на летото толку многу мами, па вежбањето во доџо-то останува во втор план. Едноставно се проретчува.
За некои!
Има една група посветени воини на кои сите гореспоменати работи им се мили само доколку претходно го почуствуваат мирисот на тренингот во доџо-то. Жештината, влагата, смдрливиот воздух, се само предизвик што секогаш се победува. Напорниот тренинг е ритуал без кој не се живее. Совршеноста доаѓа од упорноста и посветеноста. Заминувањето на одмор е дозволено само откако ќе завршат тренинзите. Се е темпирано на животот во доџо. А со добар план има време и за останатите работи.
Тоа јадро од тие посебни луѓе го чуваат достоинството на секое доџо.
Осу !!!

Токимуне Такеда

Синот на легендарниот Сокаку. Никогаш не ја достигнал славата на својот татко од едноставна причина што никогаш и не ја посакувал. Полициски официр, чесен работник и тивок човек.

За разлика од неговиот татко кој бил страв и трепет за секој што ќе му застане на патот, Токимуне бил мирна и повлечена личност,  која се трудела секој конфликт за време на полициската кариера да го заврши на мирен начин. Сите апсења на криминалци ги извршил без ниту еден испукан куршум.
Од 2:02 па натаму сенсеи Токимуне во поодминати години, за време на една од последните негови јавни демострации на Даито рју Аикиџуџутсу.

Такаши Уено

Од серијата на познатите ученици на Тошитсугу Такаматсу, продолжуваме со Такаши Уено.

Неговата боречка биографија навистина е богата.

-Асајама Ичиден рју Таиџутсу (16 соке)

-Бокуден рју Џуџутсу (20 соке)

-Кото рју Коппоџутсу (менкјо каиден од Такаматсу)

-Гјокко рју Кошиџутсу (менкјо каиден од Такаматсу)

-Гјокушин рју Нинџутсу (14 соке / менкјо каиден од Такаматсу)

-Хонтаи Такаги Јошин рју Џутаиџутсу (соке на една од линиите)

-Кукишин рју Боџутсу / Џуџутсу

-Шинден Фудо рју Таиџутсу

И уште неколку школи за кои ми треба потврда за да можам да ги напишам со сигурност. Се уште истражувам за овој необичен човек, но и тоа што досега го знам, навистина ме импресионира.