Денешниот ден ми помина во градините околу нашето Хомбу Доџо, подготвувајќи ја земјата за пролетното садење на зеленчук, со цел да бидам подготвен за Летниот Нинџа Камп. Март е идеално време за хранење на почвата со природно ѓубриво произведено со гниење на кравји лепешки.

Цврсто верувам дека секоја личност што претендира да биде сеопфатен Воин, треба да практикува неколку работи кои се екстремно важни:
1. Боречки вештини. Редовен тренинг со цел постојано да се остри телото и духот.
2. Земјоделие. За да можете да ја разберете тајната на раѓањето на нов живот со цел да бидете во хармонија со природата.
3. Наука. Со особен акцент на проучувањето на медицината, историјата и психологијата. За да не бидете жртви на манипулација.
4. Литература и уметност. Бидејќи уметноста го урамнотежува духот, а понекогаш зборот е посилен од мечот.
Да се добие Деншо е огромна чест. За да ги комплетирам сите историски материјали поврзани со боречките вештини и школи кои ги практикуваме, ми биле потребни над 20 години макотрпен тренинг и потрошени илјадници и илјадници евра за патување и учество на семинари и приватни часови. Ваша олеснителна околност е што некој веќе го изодел трнливиот Пат за Вас, па сега Вие можете по асфалт поплочен со листови од рози да го добиете тоа што мене ми требало крв да плукам за да го добијам.