Лузер(и)

Пред два-три дена ја слушнав последната лага која лузерите ја лансирале против мене. Наводно ме избркале од Буџинкан федерацијата (изгледа мислеле на Буџинкан Доџо). Замислете немаат попаметна работа, па секоја средба со некој наш (поранешен или сегашен) член ја користат за византиски интриги и турски сплетки.

Се уште не ми е јасно, како тоа ме избркале од Буџинкан, а јас тоа не го знам. Да се малку паметни, ќе им текне дека шихани од 15 дан не доаѓат да одржуваат семинари кај некој што е избркан од Буџинкан. Но, можеби тие и не се виновни што му веруваат на нивниот „ментор“ (кој не може ниту до трети кат пешки да се качи). Тој ги лаже нив, па тие ги лажат другите. Да, можеби не се виновни, но се злобни, затоа што гo брцат носот таму каде што не им е работа. А кој го брца носот каде што не му е работа, може многу лесно носот да го скрши.

Откако залудно праќаа мејлови наоколу (замислете пратиле дури и на Свенерик, кој така слатко им се изнасмеа) и не им успеа ниту една кампања, сега одлучиле да се обидат со лаги да предизвикат раскол во клубот. Но тука најмногу се заебале. Во клуб каде што членуваат морални и чес(т)ни самураи, Вранишковци немаат никакви шанси.

Мене една работа не ми е јасна. Како некој може толку да биде опседнат со туѓ живот, што на секој начин посакува да му наштети. Дали холивудското клише дека „кога твојот живот е толку досаден и патетичен почнуваш да се мешаш во другите“  навистина фнкционира? Одвратно, но изгледа навистина е така.

Но што е интересно? Колку повеќе посакуваат да наштетат и се обидуваат да нанесат зло, да рашират лаги и клевети, толку повеќе сме успешни. Бидејќи ништо не им успеа, останува варијантата да почнат да фрлат клетви, да ангажират бајачки и вештери за да ме уништат. Или… ми текна. А да направат кукла со мојот лик и да ја боцкат со игли? Хммм, дури и тоа да успее, луѓето што веќе се одредени да ме наследат ќе ја продолжат истата политика на водење на Буџинкан Македонија. Чесно, лојално и одговорно да ги подучуваат учениците, да ги почитуваат колегите и НАПОРНО да тренираат. И најважното, да не дозволат инфилтрација на пички во душа и педерчиња во карактер во нашиот клуб.

Инаку, последнава лага има и други маани. Да речеме дека еден ден ќе им се насмее среќата и навистина ќе „ме исфрлат“ од Буџинкан. Дали со тоа ќе ми го земат и знаењето? Дали тоа ќе го намали квалитетот на нашиот тренинг? Дали тоа ќе ја намали почитта што нашиот клуб ја има од сите други клубови? Не! Секако, не треба да си многу паметен за да донесеш таков логичен заклучок. Но некој изгледа нема мозок дури ниту за таква едноставна операција (а сака очајно да биде нинџа). Луѓето доаѓат да вежбат поради квалитетот на тренингот и нивото на знаење во нашиот клуб. И најважно, ОСТАНУВААТ поради тој квалитет. Нив не им значи ништо на која организација припаѓаат. Но им значи знаењето кое го стекнуваат во Буџинкан Македонија. Се чуствуваат убаво, здраво, среќни се. Уживаат до другарството и во одличната (најпозитивна) енергија. Ништо друго не ги интересира. Досега ние не сме залепиле ниту еден плакат низ градот. А во моментов имаме околу 50 редовни вежбачи речиси на секој тренинг. Со тоа сме еден од најголемите клубови во земјата (но и во Буџинкан). И Буџинкан е побогат со такви клубови. А не со виртуелни клубови во кој што има еден учител и еден ученик(и тоа врзани со родниска линија).

Нас не ни треба никаква реклама. Добриот збор за добриот тренинг ги носи луѓето во нашето доџо. Тие и не знаат ништо за Буџинкан кога ќе дојдат.

Успехот не се гради со тоа што ќе ги исфрлиш сите членови на Буџинкан Македонија од Фејсбук и ќе се надеваш дека барем 20 од 2000-те Фејсбук „пријатели“ не те следат, па можеш да шириш клевети и лаги на Wall-от. Не помагаат ниту муобети за лажни дипломи, ниту обвинувања за „криво мочање. Помагаат само: крвавиот тренинг, големата љубов и искрените намери.

Љубомората е болест. Затоа-fuck you!

Почеток и најави

Полна сала, насмеани лица, испотени маици и кимона. Мириса на пот (тренинг).

Буџинкан Македонија.

Уште од врата се насетува желбата за вежбање. Посилна е од се. Толку силна што веќе е составен дел од нашите карактери. За нас тренингот е повеќе од култура на живеење. Пополека станува култура на постоење. Наш идентитет.

Годинава ќе ја довршиме со Кото рју Коппоџутсу. До каде ќе стигнеме, дотаму. Повторно ќе се вратиме на неа. Животот е пред нас. Ние го грабиме со две раце и полни гради свежа енергија.

Следната година ќе работиме Такаги Јошин рју. Какви ли само тајни крие таа школа? Прекрасно.

На 26 овој месец е традиционалното шугендо. Ќе биде јако како и секогаш. Потоа доаѓа Штефен Фролих.

Останува да се договориме кого сакате да го викнеме следната година. Јас сум повторно за Свенерик. Ако имам ваша подршка, стариот викинг ќе дојде да не мотивира некаде во април.

Продолжуваме напред. Освојуваме души, ги усовршуваме, се усовршуваме. Исто како и самураите и нинџите кои имале само една цел.

Од станување до легнување се што правиме се трудиме да го правиме совршено. Делата нека зборуват, устата никогаш нека не погани.

Тоа е дух. Тоа е Будо.

п.с. Овој напис требаше да го посветам на еден СИНДРОМ. Но поради опасност компјутерот да ми фати вирус, одлучив да ја почнеме годината како што треба. Со арно со убаво. Ова нека биде почеток.

Експерт (иако гнасно звучи)

Уште неколку дена до крајот на семестарот. Потоа одиме на едномесечен одмор, а некои од нас ќе земат учество на нашиот нинџа камп.

Потоа повторно исто. Тренинг, тренинг, тренинг. Со една цел-добро позната на сите нас.

Од септември секојдневниот двочасовен тренинг се подигнува за уште едно ниво.  На секојдневен четворочасовен тренинг.

По 22 години вежбање на 9-те школи на Буџинкан и 15-години подучување на истите во нашето доџо, од септември ќе се отвори уште едно за Даито рју Аикибудо (Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју).

Некои од Вас се уште ми поставуваат прашања во врска со тоа. Одговорот е едноставен. Школите на Буџинкан и натаму ми остануваат приоритет. Воопшто не се откажувам и не ги запоставувам. И вистина е тоа кога велам дека луѓето што постојано ги менуваат стиловите на крајот нема да научат ништо. Тие ќе останат изгубени и збунети во светот на Будо-то.

Моево е сосема различно. Јас дури после 22 години вежбање во една организација се одважив и си дозволив да почнам да проучувам други сродни стилови. Се со една цел. Сакам подобро да го разберам феноменот на Корју Буџутсу (класичните јапонски борбени школи). Сакам подобро да ги разберам школите на Буџинкан. Сакам да станам експерт за Корју Буџутсу (иако експерт гнасно звучи поради квази-експертите буцкачи што ги гледаме на вести).

Јас веќе одамна одлучив. Мојот живот го посветувам на боречките вештини. Но не само поради лични причини, туку и поради обврската кон моите верни ученици кои со години го следат и чекорат по мојот Пат. Тие го залужуваат најдоброто.

Затоа, мора да се биде експерт. За да се оправда нивната доверба.

Шупци

Едно чудо шупци се натпреваруваат кој од нив ќе се прикаже како „поблизок“ до Буџинкан Доџо. Се гребаат преку најразлични начини. Некои од нив пуштаат клипови од соке, некои од нив пуштаат клипови со мачки (добро прочитавте и знаете за што станува збор), некои од нив ставаат Like за било каква глупост, некои од нив пишуваат љубезни коментари за подршка, а некои копи-пастираат изреки од Масааки Хатсуми, кои патем речено, ниту ги разбираат, а ниту пак се придржуваат до зборовите во нив.

Денес и јас ќе бидам како нив. И јас ќе копи-пастирам една мудрост. И ќе ја посветам на сите шупци. Од срце:

Истата, надградена и проширена:

Звање

Поделбата според титули има повеќе церемонијална функција. Се употребува при разни ритуали како што се Шинзен Реи, Ембу, доделување дипломи и слично и во нашето доџо таа гласи вака:

-шошинша (почетник 10-9-8-7 кју)

-кохаи (помлад ученик штитеник 6-5-4-3 кју)

-семпаи (постар ученик ментор 2-1 кју, но може шодан и нагоре)

-шидоши хо (помлад учител над шодан)

-шидоши (учител над годан)

-шихан (мајстор учител / над џудан)

Сепак, при секојдневните тренинзи и дружења ги употребуваме следните неформални звања кои се ослободени од стеги и едноставно изразуваат почит помеѓу нашите членови:

-шошинша (почетник 10-9 кју)

-деши (ученик 8 кју па нагоре)

-учи деши (личен ученик 8 кју па нагоре)

-сенсеи (учител, водач на доџото / доџо чо)

Поглед во иднината

Денес нешто кратко. Нешто за кое треба сами да размислите. Нешто за нас, за нашите стравови, за нашите слабости. Кои сме, какви сме, зошто сме…

„Заедницата расте и се развива кога старите луѓе ќе засадат дрвце, знаејќи дека никогаш нема да пробат од неговиот плод“

Иве дојде!

Вчера дојде Иве (Иван Иванов). Тој е ученик на Буџинкан Македонија уште од самото основање во 1995 (од прв ден). Тренираше во нашето доџо за време на летниот период (три месеци), кога се враќаше од Германија (каде што учеше и работеше). Секогаш, после три месеци тренинг, неговата техника се подобруваше драстично, а кога ќе заминеше, во следните девет месеци неговата техника се враќаше на старо. И секое лето исто. Долго време го убедував да се запише во некој Буџинкан клуб во Германија и таму да вежба. Тој не сакаше поради големата почит кон мене како негов учител. Минатата година конечно го убедив и Иван почна да вежба кај шиханот Штефен Фролих (живеат во ист град-Диценбах).

Инаку, со брат му, како копиљаци (крајот на ‘80-тите и почетокот на ‘90-тите) ќе дојдеа во мојот двор и со часови ме гледаа како вежбам. Еден ден им направив тегчиња од по три кила и ги натерав да вежбаат со мене скоро секој ден. По неколку месеци добро ојачаа. По неколку години, кога го отворив клубот за јавност и двајцата почнаа да вежбат нинџутсу. Ги носев по планини, долини, кањони, реки, езера. Ги маваше дамла, сончаница, грозница. Братот се откажа по неколку години, но Иван никогаш не се одвои од мене.

Иве не е природно талентиран вежбач. Тој го знае тоа и често на своја сметка се шегува. Но затоа, своите недостатоци ги надополнува со големата љубов кон вештината. Има особини кои јас најмногу ги ценам. Лојален е до смрт. Знаеш дека ќе скокне веднаш во оганот.

Со години нашето другарство никогаш не спласнало. Неговата доверба во мене како учител никогаш не се раздрмала. Нашиот однос отсекогаш бил одличен.

Иве дојде. Јас сум среќен. Израсна и се изгради во прекрасна личност. Многу вложував во него. И тоа се исплатеше. Сега е среќен родител и посветен вежбач.

Поубаво-здравје!

Сила

Додека го закопувавме цревото во земја, со цел учесниците на кампот да не чекаат многу за ладна вода односно топлата вода од изворот да истече, Косара ми го донесе телефонот и ми кажа дека некој ме бара:

-Ало сенсеи, што правиш?

-Копам, одговорив.

-Види, денес цел ден сурфав по страниците на буџинкан клубовите и забележав дека ние сме станале регионална сила.

-И само за тоа да ми кажеш ме бараш на мобилен и ме прекинуваш во работата? Толку е итно тоа?

-Не сенсеи, сакав да ти кажам дека луѓето мака мачаат да организираат еден обичен семинар. Гледам, собирале од ваму – од таму, и пак на фотографиите по 10-20 луѓе. Па ние за еден обичен семинар во природа, што ги правиме толку често,  имаме по повеќе луѓе од нив. За меѓународен да не правиме муобет. Без 40 не сме. Ние сме станале регионална сила. Не треба никого да молиме, да праќаме покани, да им досаѓаме на луѓето, до собираме човек-по човек, да се мачиме и нервираме. Толку сме силни што можеме сами да донесеме било кого и било кога.

-Добро, те разбрав. Може сега да си продолжам со работата? А ти оди направи едно тренингче, остај компјутерот.

Муобетов не е ниту најмалку важен. Вакви муобети се случуваат често. Учениците сакат да разговараат со мене на најразлични теми. Тоа што ме натера да го објавам беше сознанието дека нашите ученици искрено се радуваат на клупските (нашите) успеси. Ги доживуваат како да се свои.  Ги чуствуваат со сето срце, па дури прават анализи и споредби.

Со такви ученици уште сега може да се предвиди каква ќе биде прославата за 30 годишнината на Буџинкан Македонија. Но најпрвин да го пославиме сегашниов јубилеј.

Нека ни е со среќа!

Писмо од Тина

Колкупати, кога сте ми побарале книга или некаков материјал што ќе Ви помогне да ги научите јапонските зборови кои ги слушате на тренинг сум Ве одбил? И секогаш со исто образложение: „Имињата на катите и техниките ќе ги научите доколку доаѓате редовно на тренинг. Дајте си време и на тој начин самите ќе „Ви влезат“ во глава, а потоа нема никогаш да ги заборавите. Нема ниту да го забележите моментот кога се ќе Ви се разјасни“.
Не сакам учење на памет. Сакам учење со памет.

Писмото:

Мора да помине време за одредени работи. На пример, многу ми е интересно како во текот на денот ” од нигде никаде” ти пролетуваат низ глава одредени термини и зборови, како на пример торите гохо, или, аши бараи, или мае/уширо, омоте учи. Дури и на сон, убав сон. На пример, сега никогаш нема да заборавам како се прави гансеки наге, исто така и веднаш ќе знам на што се мисли, затоа што “увото се навикнало”. Некако од тотален хаос, од темница на зборови, почна мозоков да прави “фолдери” на јапонски. И во периоди кога некако се е на климави нозе, во периоди кога се јавува мрзеливост за се друго, во периоди кога по малку се загубуваме себеси, Буџинкан е она кое ме враќа на нозе, кое со задоволство го правам и учам, за кое не ми се важни сите модрици, рани и напукнатини, за кое сета смрдеа од пот и цела жештина станува поднослива, а секој ден станува задоволство, а не обврска. Некогаш имам чуство дека тука сум многу повеќеод година и пол- две колку што реално сум, а некогаш се чуствувам како да сум само неколку месеци. Го ценам твојот напор и твојата енергија вложена во се ова, наречено Буџинкан Македонија, го ценам твоето трпеливо објаснување, исто така , се радувам што ќе бидам присутна на волку убав настан, како што е годишнината која ни претстојува. Имај убав ден сенсеи, извини ако те прекинувам во било што на работа, но имав моментална инспирација да споделам со тебе пар мисли.Се гледаме вечер. Поздрав 🙂

п.с. Писмото е објавено со нејзина дозвола. И понатаму секое Ваше барање за дискреција останува за мене врвен приоритет.

Омоте или Ура? Его или Будо?

Претпоставувате дека на вчерашниот тренинг добив доволна мотивација за да го посветам овој напис за концептот на омоте и ура.

Но нема да зборувам јавно за тоа што е омоте, а што е ура. Тоа ќе го довршиме на утрешниот час. Темата за денес е нешто сосема друго.
Иако сите мислевте дека на крајот конечно разбравте за што зборував во текот на целиот час, на крајот сите паднавте на задачата што ви ја поставив. Поединечно или групно, делумно или целосно, сите покажавте дека се уште имате уште многу да изодите по Патот (послан со трња).

Само еден (една) од Вас имаше доволно доблест постојано да прашува и да бара дообјаснувања. Но истиот (истата) немаше доволно доблест да го задржи во себе исконското: ама…
Нема „ама“. Кога барате одговор на некое прашање, направете го тоа откако ќе го „застрелате“ егото во себе. Две работи не одат заедно. Его и Будо.
Кога го барате одговорот, бидете подготвени да дојдете до него. Со чисто срце и отворен ум. Само кога ќе ги надминете тие „детски болести“, ќе можете да напредувате со големи чекори. Само тогаш ќе почнам да Ве гледам со други очи.
На крајот, излезе дека сите што се потсмеваа, се потсмевале самите на себе. Сите дадоа погрешен одговор.

Да ги отвориме срцата и утре конечно да расчистиме што е тоа омоте, а што е тоа ура. Забележавте дека позади тоа се крие цела филозофија, цела наука.
п.с. На училиште кога не сте можеле да научите нешто, ќе ви „шибнеле“ единица, или во подобар случај тројка, и така лекцијата ќе останела цел живот ненаучена. Или, пак, ќе сте набубале за петка и без да разберете за што навистина станува збор, ќе сте продолжеле на следната лекција.
Кај мене тоа не поминува. Или ќе научите или никогаш нема да преминете на следното ниво.
п.п.с. Кој се лути да јаде жути, а кој се срди да јаде тврди.