Добар партнер

Во духот на вчерашната Тоби Гери и важноста на квалитетот на партнерот за нашиот успех при изведување на техниката, Ви пуштам еден стар, но навистина форевер хајлајц епик клип.

Уживајте!

Подготовки

Утре почнува семинарот за Не Ваза. Вечерва одморете се добро. Концентрирајте се за утрешниот тренинг.

Пред семинарот вашите мисли треба да бидат ослободени. Да лебдат низ облаците. Неоптоварени.

Вечер пред спиење вежбајте Шомен Кокју 10 мин.

Тоа е вежба за дишење. Мокусоо (медитација).

Седнете во сеиза. Вдишувајте низ ноз. Исправете го телото. Издишувајте буткајќи го телото благо нанапред. Пак вдишете исправајќи се. Повторно издишете движејќи се напред. Дишете колку што можете подлабоко. Колку што можете поспоро.

Нинпо Иккан.

Не Ваза

Сабота

11.00-13.00 џунан таисо то џунан ундо, не ваза таихен џутсу, камае, таи сабаки, атеми ваза

15.00-17.00 осае ваза (техники на контрола)

Недела

11.00-13.00 кансетсу ваза (техники на заклучување)

15.00-17.00 шиме ваза (техники на давење)

Ура Шуто Учи

Вечер продолжува агонијата на школото „Потимисегузица Рју“ со Ура Шуто Учи“.

Потоа продолжуваме со техники од нивото „Потимисегузица Ваза“ и тоа: Шако Кен и Сокујаку Гери Кохо.

Кога сме веќе кај Сокујаку, еве Ви една Олд Скул фотка од соке Хатсуми кога бил млад и зелен како Вас.

Насмеј се до солзи / Прва лекција за Роккон Шоџо

Денес нешто на моја сметка. И на сметката на сите Корју учители низ целиот свет.

Ова воедно нека биде и првата лекција за овогодинешната тема. Ќе ве насмее до солзи и ќе ја прочисти вашата душа. Тоа е Роккон Шоџо.

Среќен роденден Благице

Денес и е роденден на Благица. И посакувам да живее доволно долго за да може и правнучињата да ги подучува Кото Рју Коппоџутсу. Тоа е мојата желба за неа.

А мускулите на нозете од длабоките ставови ќе се ојачат самите во текот на 2010 година. Кото е длабок, моќен и убиствен. Таква ќе биде и Благица во 2015 ако остане да се дружи со нас.

Убав ден!

Миграција

Ок, мигриравме на новиот блог. Букмаркирајте ја оваа адреса, а старата избришете ја.

Неделава што измина, ја започнавме добро. Со основата на Кото Рју, Школото на победничкиот тигар. Како што ви кажав, ќе биде многу напорно, но и забавно.

Во петокот донесовме мала радост некому. Со ситното што го имавме на клубската сметка, направивме коледарски пакетчиња и ги подаривме на најмладите од Центарот за децата од улица. Се израдуваа на благцето најмногу. Тие што имале малку повеќе среќа во животот им помогнаа на тие со помалку.

Вечерва продолжуваме со основите. Самиот збор кажува многу. Основа. Почеток. Темел.

Без добра основа, неможеш да изградиш цврста куќа.

Јас градам  колиби само на преживување.

Оно ха Итто рју

Како што Ви ветив, еве ви снимка од Оно ха Итто рју. Оваа демонстрација е изведена од главната лоза на Оно ха Итто рју, а чичето со белата коса што ги изведува техниките со шинкен (вистински меч) е соке-то на вештината Такеми Сасамори. Забележете ја контролата додека работи со мечот, но и Они Готе (демонските ракавици) на почетокот.

Сигурно забележавте (иако демонстрираат многу напредни кати) дека има сосема мали разлики со нашата Такеда ден (да речеме во ваки но камае).

Како и да е, моќноста и на двете школи е очигледно иста.

Предновогодишна прослава – новогодишна честитка

Ве чекам вечер на домашно винце и колачиња. Да ја испратиме старата и да и кажеме добредојде на новата 2010. Во неа ќе бидеме постари за една година. Зошто тогаш славиме секое лето одново? Зашто си ја арчиме живеачката?
Но годините си носат и некои убави работи. Веќе нема никогаш да се врати 2009, но искуството што ќе долета на крилјата на 2010 исто така ќе биде неповторливо.

Прв пат си е прв пат.

Јануари е посебно исполнет со слави и прослави. Се ужива во јадење и пиење. Онака, хедонистички. Некој ќе качи некое килце повеќе, некои ќе ги напумпа мишелинките од страна, некои ќе стави гума за спасување околу струкот. Ќе боли и желудникот, но и главата посабајле. Внимавајте. Секое претерување има последици. Повторувајте по мене: самоконтрола, самоконтрола, самоконтрола…

Мир за Вас, мир за светот.

Полагање во 2009

Дипломата претставува само парче хартија доколку не ја заслужуваш. Но тоа парче хартија носи огромно задоволство кога знаеш дека е освоено со макотрпна работа и кога чуствуваш дека носиш некакво знаење во себе.
Дипломите во Буџинкан Македонија се токму такви. Сведоци на еден период од Вашиот Пат кон Сонцето, од Вашиот пат кон самоусовршувањето и самоконтролата.

Вчера покажавте дека сте одлични ученици. Утре ќе покажете дека сте одлични водачи.

Се гордеам со Вас.

п.с. Како и секогаш, поради транспарентност, Ве информирам дека средтсвата собрани од полагањето ќе бидат наменети за набавка на нови реквизити, како и за доорганизирање на семинарот со Свенерик во април.