Итс гуд ту би бек (Горјан)

Еј, фатаморгана. Тоа е нашиот традиционален доџо поздрав доколку некој не се појави подолго време на тренинг.
Убаво е кога луѓето ќе се вратат повторно во доџо. Кога ќе почуствуваат дека нешто им недостасува во животот. Дека тоа нешто го има во нашето доџо. Дека воздухот што таму го дишат е пријатен. Дека секогаш има место за нив во таа испотена просторија. Дека тука се искрено сакани.
Вчера имавме две фатаморгани. Едната, таканаречена Горјан, еве јавно го прогласувам за доживотно почесен член.
Зошто? Од многу причини. Но најважната е што, иако секогаш знае ненајавено да замине, тој секогаш мудро вратата си ја остава подотворена. На тој начин знае дека може да се врати кога и да посака. И навистина, сите наши досегашни членови, а ги имало над илјада, кои некогаш биле дел од нашето семејство, си заминале по своите патишта, но секогаш ќе бидат добредојдени. Нашата врата е секогаш отворена за нив.
Со исклучок на неколку. Тоа се тие кои вратата ја треснале силно и ја исплукале потоа. Тоа се тие кои доаѓале на два тренинга месечно и кои секоја критика ја примале со гнев и замерка наместо со љубов. Тоа се тие што за својата слабост обвиниле некој друг. Користејќи ја секоја прилика, тие со лаги и омраза силно ја заковале вратата на нашето доџо, така што ништо повеќе не може да ја отвори.

Кога ќе се видам со некој поранешен член на нашиот клуб низ градот се чуствувам убаво. Ја стегам неговата рака цврсто, прашувам како живее, дали му е добро. Се уште го чуствувам како свој ученик. Без разлика зошто заминал. Тој секогаш ќе може да се врати назад. Само затоа што ја оставил вратата подотворена.

Учете од Горјан како да не ја трескате вратата која ви отворила нов видик во животот. Девеесет и девет пати замина, стопати се врати. И пак исто. Уште на првиот час бамбори постојано. Дофрла и се смее, а јас го „мавам“ и критикувам. Но тој знае кога треба да закочи.

За крај разговорот со него во соблекувална.

-Сенсеи, знаете дека почнав да свирам и на гитара?

-Мали, тебе уште само тоа ти требаше. Се друго во животот проба и „научи“.

-Епа заглавив со едни хипици и ме заразија да свирам.

Ако Горјан. Пробај, види, обиди се. И пак ќе се вратиш назад. Го чуваме твоето место. Нас ни требаат и такви како тебе.

Псссссссссссст. Имам визија. Шетам низ плоштад и гледам 200 луѓе собрани и ракоплескаат. Се доближувам и го гледам Горјан качен на моноцикл со седиште три метра во висина како жонглира со девет чунови.
-Еј сенсеи, уште ова да пробам. Налетав на едни жонглери и …
-Мали, ај не бамбори многу. Пробај уште ова и те чекам на тренинг во среда.

Тачи

Вечер го почнуваме месецот на тренинг со Тачи.
Како и секогаш, на почеток ќе се запознаеме со историјата и намената на ова оружје ( без информации од Википедија и интернет секако:) ), а потоа ќе следат техниките со него.

Бидете подготвени, како и секогаш, на напорен и исцрпувачки тренинг.
Постојат два типа на луѓе. Едните кои градат и со делата освојуваат и напредуваат. Другите кои зборуваат и со зборови го уништуваат тоа што некој друг го гради.

Буџинкан Македонија гради и граби напред. Со дела! Докажано!

Реката на животот

Пливајќи по реката наречена живот, сретнуваме секакви луѓе.
Некои од нив се говна, а некои злато вредаат.

Понекогаш и говното се обојува во златно. Свети, сјае, изгледа убаво. Но ако малку загребете по неговата површина, ќе ја почуствувате смрдеата. Почнува да корне, да диза, да задушува.

Говната се лесни. Пловат по површината натаму-наваму. Носени се од струјата каде што таа ќе посака.

Златото е тешко и тоне. Се што треба да направите е да се нурнете подлабоко во реката. Говната остануваат на површината, а златото самото ќе Ви се открие.

Кураи Дори

Вечерва Кураи Дори е темата што ќе се „троши“ во текот на месецот.
Лично-ја обожувам.

Кураи Дори функционира како систем на сврзани садови. Затоа, би требало да не дозволите дупка во Вашето знаење поради отсуство.

Се гледаме на пакет.

Трпение

Работите во животот никогаш не се постигнуваат преку ноќ. Сето тоа што денес ни се случува е резултат на некоја наша акција од пред некое минато време.
Истото е и со нашиот тренинг. Не постои друг рецепт за напредок освен вежбање. Нашата вештина во најголем дел е резултат на нашето време поминато во вежбање во минатото.
Ќе ви раскажам една стара добра:

-Господи, може ли да Те прашам нешто?
-Прашај човеку, секако.
-Господи, што се за тебе милион години?
-Секунда човеку.
-А милион евра?
-Еден цент човеку.
-Господи, можеш ли да ми дадеш еден цент?
-Секако човеку, почекај една секунда.

Добар партнер

Во духот на вчерашната Тоби Гери и важноста на квалитетот на партнерот за нашиот успех при изведување на техниката, Ви пуштам еден стар, но навистина форевер хајлајц епик клип.

Уживајте!

Подготовки

Утре почнува семинарот за Не Ваза. Вечерва одморете се добро. Концентрирајте се за утрешниот тренинг.

Пред семинарот вашите мисли треба да бидат ослободени. Да лебдат низ облаците. Неоптоварени.

Вечер пред спиење вежбајте Шомен Кокју 10 мин.

Тоа е вежба за дишење. Мокусоо (медитација).

Седнете во сеиза. Вдишувајте низ ноз. Исправете го телото. Издишувајте буткајќи го телото благо нанапред. Пак вдишете исправајќи се. Повторно издишете движејќи се напред. Дишете колку што можете подлабоко. Колку што можете поспоро.

Нинпо Иккан.

Не Ваза

Сабота

11.00-13.00 џунан таисо то џунан ундо, не ваза таихен џутсу, камае, таи сабаки, атеми ваза

15.00-17.00 осае ваза (техники на контрола)

Недела

11.00-13.00 кансетсу ваза (техники на заклучување)

15.00-17.00 шиме ваза (техники на давење)

Ура Шуто Учи

Вечер продолжува агонијата на школото „Потимисегузица Рју“ со Ура Шуто Учи“.

Потоа продолжуваме со техники од нивото „Потимисегузица Ваза“ и тоа: Шако Кен и Сокујаку Гери Кохо.

Кога сме веќе кај Сокујаку, еве Ви една Олд Скул фотка од соке Хатсуми кога бил млад и зелен како Вас.

Насмеј се до солзи / Прва лекција за Роккон Шоџо

Денес нешто на моја сметка. И на сметката на сите Корју учители низ целиот свет.

Ова воедно нека биде и првата лекција за овогодинешната тема. Ќе ве насмее до солзи и ќе ја прочисти вашата душа. Тоа е Роккон Шоџо.