Невидливи

Добрите работи ги прават тие што не се видливи. Вредно работат во позадина без грам желба за себепромоција и слава.

За ова вреди…

И-мејл од сабајле:

„Сенсеи јас не сакам да ви одземам многу време, но седејќи дома размислив колку многу се сменив и просперирав во секој аспект во животот од кога прв пат стапнав на паркетот во Лисиче. Заслугата за целиот тој напредок е само ваша. Благодарам што ме научивте за вистинските вредности во животот.

Со почит   

За ова вреди да се мачиш, да се трудиш, да напредуваш, да губиш, да се радуваш, да чекориш…

Тоа се луѓето кои сакат да учат, да напредуваат, да се движат напред. Тоа се луѓето кои со насмевка влегуваат во доџо. Се радуваат на животот, на сонцето, на облаците, на воздухот (и на џунан ундо). Тоа се луѓето кои ги учат вистинските вредности во животот. Во нив нема злоба, завист, лошотилук.

За останатите, кои сакат на најдат влакно во јајцето, кои ја гледаат раската во туѓото око, а не можат да ја видат гредата во своето, нема место во нашето доџо.
За среќа, таквите се малку, а низ филтерот наречен Буџинкан Македонија ѓубрето тешко минува.

Испливување

Големиот мајстор Свенерик Богсатер ќе одржи семинар за Асајама Ичиден рју Таиџутсу во Прага-Чешка. Топ вест!

Вештините кои соке Масааки Хатсуми ги вежбал во својата младост, пред да стане ученик на Такаматсу и соке за школите на Буџинкан, а за кои има менкјо каиден (или некаква лиценца), конечно почнаа да испливуваат на површината (читај за јавност). Станува збор за класични јапонски борбени вештини, кои Хатсуми ги предавал само на мал број луѓе во Буџинкан (претежно Јапонци), со исклучок на шиханот Свенерик, кој е еден од највлијателните луѓе во организацијата.

Со тоа, истите тие школи пополека се отвораат за јавноста, а кој може тоа подобро да го направи (и кој смее да го направи), ако не сенсеи Свенерик.

Е да, сега ќе се јават едно чудо други самопрогласени мајстори на оваа школа кои ќе тврдат дека ја научиле кај „сенсеи Танака“ (синоним за исмислен учител), но вистината секогаш лесно се открива доколку се има барем малку памет во главата.

Ова е знак дека во иднина можеби ќе почнат да се подучуваат и некои други рју-ха, но истовремено и знак дека луѓето во Буџинкан малку се заситени од начинот на кој нинџутсу се предава и се разбира на запад.

Лекција

Мојот учител по Даито рју Аикибудо, сенсеи Черта, ме направи лом, пуздер и парам-парче (се во едно). Се чуствувам лошо денес, поради тоа што го изневерив и му згрешив.

Поради далечината и неможноста да се гледаме, ја користиме модерната технологија за комуникација (интернет). Честопати ќе снимам некое видео парче од нашиот тренинг и потоа ќе го закачам на ју туб (на приватен линк, не на јавен) и ќе му го пратам на сенсеи за да ги искритикува и да ми ги посочи грешките. Сенсеи Черта е многу строг и праведен и секогаш правилно ја оценува секоја техника (или ситуација).
Вчера, пред спиење, го отворив електронското сандаче и се соочив со неговата правдина и со моите големи грешки.

Сенсеи Черта со многу лут тон ме прекорува поради тоа што последното видео наместо на приватен, сум го ставил на јавен линк (од пусто незнаење, не намерно), па секој можел да го гледа. Како претставник на неговата организација, со моите грешки на видеото, му нанесов голем срам. Грешките почнуваат од таму што муданша (ученик) не смее да носи хакама, па одат до таму што појас не се носи над хакама (иако имав ставено бел, а долното кимоно беше испрано, но кој ми е крив што не го исправ цела недела порано???). Потоа следеа уште еден тон забелешки кои што само мајстор од негов ранг може да ги забележи.

Најмногу од се ми е криво што сите тие пропусти ми се толку јасни, а сепак ги занемарив. Ги занемарив затоа што мислев дека како почетници во Даито рју, како мала група, засега ни е важно само да вежбаме и да напредуваме во техниката. Но не е така. Сенсеи е во право (секогаш). Почетник или не, мала или голема група, јас сум претставник за Македонија на неговата организација.

Ете зошто треба да се има добар учител. Затоа што кога Вашата ароганција ќе стане толку голема за да си земете слобода да си правите како што Вие мислите дека треба, тој треба да ве тресне силно од земја и да Ве приземји повторно. Учителот е секогаш во право. Чим сте му го довериле Вашиот живот во негови раце и чим сте му дозволиле тој да Ви го осветлува Патот, тогаш мора да верувате на неговите зборови, акции, дела и намери.
Сенсеи Черта ме критикувал многу пати (со право). Секогаш без ниту една негативна мисла сум ги прифаќал неговите забелешки. Во моментот кога ќе помислам нешто лошо или моето его ќе направи некоја лоша гримаса на моето лице или срце, тогаш јас повеќе не ја заслужувам неговата добрина.

Sensei, mi dispiace tanto.

(Нај)Добра и (Нај)Лоша вест

Стигнаа дипломите за шодан (1 дан) на моите ученици Марко и Марјан. Кога ќе полагаат во декември, сакам да им ги доделам веднаш, а не да чекаат допрва да ги нарачувам од Јапонија.
Мислам, ова и не е некоја вест. Тоа е сосема нормална и легална процедура за секое нормално и легално доџо.

Но што сега со тие што цело време ширеа лаги дека јас сум бил баниран од Буџинкан Доџо и дека моето доџо не било повеќе легално? Како тоа од  Јапонија без никаков проблем ми стигнаа дипломите нарачани за двајца мои ученици? Дали и Хомбу Доџо-то во Јапонија е нелегално?

Господи, како сега ќе ги проголтаат сите изедени говна во текот на овие неколку месеци? Е за тоа има начин, а јас ќе се погрижам при првата средба со нив. Не мора да ми се извинат мене. Очекувам извинување кон сите мои ученици.

Така оди тоа, кога се плеткате во работи кои што не ги познавате. За да го разберете Буџинкан како функционира, треба да ја познавате неговата душа. Треба да ја следите неговата работа, најмалку 20 години наназад. Во спротивно ќе Ве лажат. А Вие ќе верувате. Ќе Ве лажат за да Ве придобијат. Ќе Ве придобијат за да имаат финасиска корист од Вас. Не само преку пари. Туку и преку можноста да се пофалат дека имаат ученици од неколку држави. Какви ученици? Без доџо? Со доџо со пет членови? Ќе Ви доделат звање, диплома преку ноќ. Ќе Ве уверат дека Вие одамна сте требале да го добиете тоа од лошиот Игор. И после ќе мора да одите на нивните семинари. Беља работа. За истата цена имате семинар во Вашиот град или држава. Без патни трошоци, без спиење по хотели, мотели и доџо-а. Без малтретирање по патишта. Без лижење немиени г’зишта. И тоа семинари со врвни мајстори.

Но што значат звањето и дипломата? Знаете ли колку 15 данови има низ цел свет? А знаете ли дека само десетина од нив се барани за семинари? Другите мораат да барат жртви на кои ќе им дадат дипломи за да можат да одржат некое семинарче. Но и тоа е пролазно. На говнојадците ќе им здосади да ги исполнуват желбите на нивниот ментор. Ќе им здосади да ги голтат нивните лаги. Ќе им здосадат дури и пофалбите бидејќи знаат дека тие се со некаква цел. И потоа?
Сега Марко и Марјан ќе имаат шодан дипломи (легални, секако, не постојат други). Заработени со тешка мака. Но дали знаете колку има разлика од нивното знаење и вештина и од знаењето и вештината на говнојадците?
Но што е интересно? Тие што сакат да лажат, сакат истовремено да бидат и лажени. Толку многу сакат да веруваат во своите лаги, што сега самите себе ќе се излажат дека дипломите се фалсификат. Или ќе измислат некоја друга лага и оправдание. И пак ќе го шираат тоа наоколу. А тие што ќе ја примаат таа лага, ќе ми ја пренесат при првото влегување во нашето доџо. Колку и да веруваат на луѓето што ги познаваат, тие луѓе познаваат и други луѓе на кои им веруваат. И така лагата се дознава и препознава. А квалитетот се качува на скалата и од високо ги гледа губитниците со мало срце.
И на крајот, за „лажните“ дипломи што ги даваме на учениците кои положиле за ученички степен. Па тоа не се дипломи од Буџинкан Доџо ниту некогаш сме го кажале тоа. Тоа е само потврда од учителот (за спомен, доказ итн.) дека ученикот има признание од учителот за своето знаење. Дали говнојадците добиле дипломи од 10 до 1 кју од нивните ментори при тоа да ги положат сите степени? Дали знаат дека нема ниту едно доџо кое работи на тој начин. Речиси секаде (па и кај нивните ментори) ученичките степени се запишуваат во нелегални будо пасоши. Па што? Мене не ми е гајле затоа.

Како што кажав, очекувам извинување до сите мои ученици, а особено до Марко и Марјан.

Гамбате.

п.с. Наградно прашање: која е добрата, а која е лошата вест?

Изненадување (а и не)

Отворам мејл и оп – Карл Кампо. Нашиот ученик од мисијата на Обединетите Нации кој замина на мисија во Сирија. Ни честита Нова Година. Редовно ја следи нашата работа преку веб-страницата и се воодушевува на секој наш чекор и идеја за тренинг.
Тоа е тоа. Тој го достигнал нивото пред многу други. Го ослободил своето срце, го наполнил со позитивна енергија. И понатаму себеси се смета за наш ученик, а и ние секогаш ќе го сметаме за дел од нас.

Колку само малку треба за да биде некој…..човек!

“Dear Igor,

My best wishes for 2011 to you, your family, relatives, friends and all members of Bujinkan Macedonia.  Have a good winter survival training and year of Kihon Happo.

All is well in Syria even though I am missing the Balkans and especially Macedonia and Bujinkan Macedonia.

Cheers,

Carl

Празници

Празниците поминаа. Време е да се враќаме во нормала, а тоа за нас подразбира напорен тренинг. Интензитетот полека ќе се подигнува, а знаењето ќе се продлабочува. Почнуваат и семинарите во природа. Тие се неизбежни за сите сериозни воини.

Во новава година посакувам да бидете редовни на тренинзите со цел да не се појавуваат дупки во Вашето знаење. Часовите се „врзани“ еден со друг. Испуштената лекција потешко се надокнадува. Пополека ќе го стартуваме и блогот. За почеток, една стара тема, која не треба да се зафрли и заборави. За „ужасите“ кои ги носи новото време. За „вежбачите“ пред компјутер. За жал се повеќе се такви.
Една слика – илјада зборови.