А што сега?

Ги донесовме најголемите шихани од Буџинкан.

Го донесовме единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикиџуџутсу, сенсеи Антонино Черта.

Го донесовме најдобриот од Џиненкан, Марио Де Мол.

Можеме да го донесеме во Македонија секој корју мајстор што ќе посакаме.

Зашто?

Затоа  шо сме јаки. Сложни. Вредни.

Затоа што сите тие се подготвени да дојдат ако треба и безпари. Само затоа што ние сме платиле однапред за тоа. Ја плативме нивната доверба со крвав и напорен тренинг. Со чесност, одлучност и фер однесување. Со понизност и лојалност.

Што правиме сега? Кој е на ред?

Данок во крв

Последниве два месеци бев на строг режим во однос на тренингот. Покрај тој во доџото, одвојував по два часа секојдневно за „хитори кеико“ (самотренинг)“, а се со желба што подобро да се покажам на приватните часови и на семинарот со Марио Де Мол.
Покрај тоа, работев доста и на доџо-то, со желба побрзо да почнеме со тренинзи таму.

Малку претерав. Болката во повредената кичма почна да се шири и да ми ги укочува: левата рака и левата нога. Изместените пршлени од падот, најверојатно удрија во некој нерв.
Тоа е данок во крв што мора да се плати кога горите за нешто.

Одамна престанав да пишувам за таа фатална несреќа. Одамна и не ја споменував.

Но сега морам. Само поради една работа. Да Ви се извинам доколку вечер ме забележите дека не давам се од себе. Боли. Затоа не можам.

Досега не го забележувавте мојот хендикеп, но вечерва (и понатаму, до не знам кога) најверојатно ќе се забележува.
Се надевам дека побрзо ќе се повратам назад. Но не можам да ветам кога.
Се гледаме на паркет.

Нинпо Иккан!

Не знам ништо

-Сенсеи, планирам повторно да почнам да вежбам, знаете работата ме спречуваше да дојдам, но…

Не знам ништо. Знам дека одреден период не те гледав во доџо, друго ништо не знам. Но премногу сум љубезен за да ти спомнам дека не ми се важни твоите оправдувања. А причините за отсуство сакам да ги знам. Сакам да ги знам бидејќи не сакам да имам непотребни и дополнителни грижи мислејќи дека имаш здраствени проблеми. Но не сакам да мислиш дека Ти верувам на изговорите и дека тие ми се важни. Довербата тешко се гради, а лесно се руши. Отсекогаш така било.

Ако работата те кочи, најди си друга. И јас сум го правел тоа постојано.
п.с. Се извинувам на сите кои вчеравечер ми беа Уке и мораа да ја мирисаат мојата небањата миризба. Се симнав од скеле, ги истоварив моите на паркинг и дојдов на тренинг. Немаше време за туш.

Не знам ништо!!!

Круг

Вечерва шидоши хо Марјан Прошев и шидоши хо Марко Опачиќ за прв пат ќе раководат со церемонијата на полагање за повисок степен на учениците. Заслужено стигнаа до моментот кога и тие самите ќе станат дел од продолжувањето на традицијата.

Кругот се врти.

Неколкумина заминаа. Други ќе дојдат. Тоа е дел од процесот.

Ноктот расте, па се сече. Брадата расте, па се бричи.

Срцето расте, останува.

Нештата кои не се повеќе потребни – се чистат.

Кругот се врти.

Дупката се пополнува. Животот тече. Некои чекорат цврсто. Некои се губат во времето и просторот. Талкаат по различни улички обидувајќи се да го најдат патот.

Некои чекорат по сигурниот Пат. За него веќе имаат мапа. Стара мапа. Проверена 1000 пати.

Кругот се врти.

Повторно за вољата

Во петокот ми дојде на гости (на работа) една ученичка од периодот (2001-2003) која што беше доста посветена на вештината. Посетата не беше поврзана со боречките вештини, туку имаше сосема друг карактер, но секако, неизбежна беше и темата за „старите денови“ во доџо-то.
После евоцирање на спомените, ме запраша:

-Добро, како се уште издржуваш после толку години да го правиш тоа секојдневно? Искрено, тешко ми беше да го напуштам клубот, но повеќе не можев да најдам воља за да ги повторувам сите тие работи постојано, со години.

Бидејќи на ова прашање честопати сум давал одговор, не ми требаше многу за да го рестартирам шаблонот:

-Јас……(итн.)…

На крајот и неизбежната реплика дека ова што го кажувам не е од мое лично искуство, туку од искуство на моите ученици кои ми се доверувале. Мене лично досега никогаш не ми паднала вољата за тренинг на корју, така што тоа чуство ми е непознато. Но ги знам сите фази на паѓањето на вољата. Доаѓање на пролет, повреди, желба за ново, девојка, момче, збоктисување …

-Ми беше мило што те видов, додадов на испраќање. Не е важно што не вежбаш повеќе, секогаш кога можам да ти помогнам, добредојдена си. Ако некогаш ја пронајдеш својата воља повторно, облечи го кимоното и појави се. Луѓето кои ќе ја загубат вољата, добиваат аверзија кон паркетот. Оние другите добиваат штичка на нафуда-та и влегуваат во историјата.

Штичката едноставно значи: „Пламен во срцето што вечно ќе гори“!!!