Семејството

Ти што велиш дека не чуствуваш дека си дел од семејството.
Си се запрашал ли дали нешто си направил за да почуствуваш дека си дел од него?
Дали ги знаеш вредностите кои ние ги делиме?

Дали знаеш кон кои идеали се стремиме?
Дали знаеш во што веруваме?
Дали си се обидел да направиш еден чекор на Патот?
Да поминеш барем мал дел од него облечен во нашите обувки.
Размисли. Пронајди одговор. И направи го првиот чекор.
Нашата адреса е добро позната и непроменлива.
Буџинкан Македонија
Хомбу доџо
Место каде што вежбаат лојалните, чесните, искрените, храбрите, упорните, достојните…

37

Минатата година, ова време, насловот на блогов беше 36. Вчераутро, напишав 37, но потоа го ибришав и помислив дека нема да се сетите. Се надевав дека ќе заборавите како што сакав да заборавам и јас. Но не излезе така како што се надевав. На вчерашниот тренинг повторно ме изненадивте. Иако јас мразам изненадувања (насмевка).
____________________________________________________

„Сенсеи, не знаеме дали сте свесни за вашето влијание врз животот на поголемиот дел од луѓето кои тренираат во ова доџо. Со овој мал подарок, сакаме да ви ја искажеме благодарноста, што многу пати сте ја потикнале насмевката на нашите лица. Сите сме свесни дека тука не учиме само боречка вештина, вие не учите за упорноста која треба да ја примениме во животот и за насмевката која треба да ја споделиме со сите. Вашиот мотив, хармонија и смислата за живот што ја споделувате со нас на секој тренинг, претставува наша мотивација која ја користиме во разни аспекти на животот.
Ви посакуваме многу успех, љубов и оваа година да не нацртате ниту едно тажно човече на вашиот календар.
Среќен Роденден.
Ве сакаат вашите ученици!!!“
__________________________________________________

Што повеќе да се каже?

Научи да учиш

Ова е еден од оние мејлови кои ми покажуваат дека и јас, а и Вие, сме на вистинскиот Пат. Јас како учител, а Вие како ученици.
Ова е еден од оние мејлови кои покажуваат дека сум Ве научил на најважната лекција која што низ годините се обидувам да Ве научам – „Научи да учиш“.
Кога оваа лекција ќе се совлада, веќе нема потреба толку многу да објаснувам и да завлегувам во детаљи. Ќе можам да зборувам скратено и меѓу редови, замачкано и несмасно, а Вие пак да ме разберете. Тоа е почетокот на Шинден.

_____________________________________________

„Здраво Сенсеи,

 

Нешто за мене, нешто за клубот, нешто за луѓето во клубот : )))

 

Помина долго време откако се запишав во Буџинкан и искрено можам да кажам дека доста од моите лоши навики и карактерни особини можам сам да ги приметам и да работам на нив. Има уште многу долг Пат, но знам дека сум на правиот Пат. Треба барем неколку поминати години во Буџинкан за да почне некој да разбира и гледа работи кои неможат да се објаснат со зборови, само да се почувствуваат (на своја кожа). Сите тие битни работи кои некогаш ги имате кажано наеднаш почнав да ги разбирам. Вашето внимателно “копкање” по другите вештини и школи со цел да бидеме уште подобри во нинџуцу конечно видов како работи на дело. Во последниве неколку тренинзи приметив
голема разлика и подобрувањето во членовите кои паралелно вежбаат и Даито, па морам да ги пофалам. Особено ја заприметив техниката на Антон и Искра (а богами и осетив), техниките што ги работат ги работат на сегменти и јасно ги потенцираат елементите од дадената техника, го контролираат противникот низ текот на целата техника (со даито шмек), две многу битни работи кои мислам дека некој вежбачи кај нас ги занемаруваат.

Тоа главно од почетниците, што не е ни чудо, но има и од постарите некои што исто така знаат да изработат на брзинка и со тоа да ги скријат нивните грешки и уште на крајот да завршат без никаква контрола. Знам дека го знаете веќе ова Сенсеи, сепак имав потреба да го напишам.“

____________________________________________

п.с. Мејлот е испратен од Мирон, а објавен е со целосно негова согласност!

Добродојдовте

Вечер двајца почетници од доџо-то во Тафталиџе ќе преминат во Хомбу-то. Марче и Мацко ги подготвиле добро. И технички и кондиционо.
Сега останува да продолжат таму каде што застанале. Основата треба да се надоградува. За тоа се потребни многу години напорна работа.
Овој напис е посветен на сите почетници во доџо-то во Тафталиџе. На сите нив кои имат проблем со преминот во Хомбу-то поради „далечината“ и „распоредот“.
Доколку нешто навистина сакате, ќе направите се за да го добиете. Сме имале ученици кои патувале и по 200 километри секој втор ден за да вежбаат во Хомбу-то. Сме имале ученици кои давале отказ за работа поради смените и неможноста да вежбаат со нас.
Затоа, секој изговор дека „Хомбу-то е далеку од мојот дом“ и дека „повеќе ми одговара тајмингот во другото доџо“ е неприфатлив.
Како се надевате да станете воини кога Вас ве спречуваат толку банални проблеми?

Добредојдовте. И нема ама…!!!

Суеверие

Во моментите на голема криза, несреќа, болест, кога сите конвенционални методи и рационални објаснувања се исцрпени, суеверието почнува да тропа на голема врата.
Како етнолог по професија, знам точно како течат процесите на создавање на култовите, обредите, обичаите, па и религиите воопшто.
Иако за некого контроверзно, истовремено сум (искрен) верник и припадник на православната христијанска црква, но и добар познавач на шаманските верувања.

———————————————————————–

-Газда, ќе колеш ли курбан за темелите, ме праша чичко Драги, еден ден пред да им дадам дозвола да почнат со работа на доџо-то.

-Не сум Турчин, му одговорив со смеење. Тој само одмавна со раката и почна да се смее и самиот. Ти си знаеш, по учен си од мене, и ме праша да му објаснам зошто не сакам да принесам крвна жртва (да заколам јагне) кога сите тоа во селата го правеле.

-А зошто го прават тоа, го прашав божемски не знам.
-За да не падне крв одпосле, како од топ пресече.
Му објаснив дека тоа е предхристијански обичај (пагански не е научен термин повеќе), но и дека некои религии и ден-денес го практикуваат, а потоа му го раскажав делот од библијата каде што Исус посочил дека тој ќе ја пролее последната крв за човештвото и дека после него ќе се принесува само бескрвна жртва (леб и вино).

————————————————————————-

-Газда, ќе ставаш ли крсче на чатмите, ме праша чичко Драги еден ден пред да почне изградбата на кровот на доџо-то.
-Тоа е одличен адет му одговорив и јас ги почитувам македонските адети, но јас утре нема да бидам тука, така што ќе ги оставиме тие обичаи за на крај односно ќе викнам поп да го освети местото.
-Добро ти си знаеш, ми рече чика Драги.

——————————————————————-

Во моментите на голема криза, несреќа, болест, кога сите конвенционални методи и рационални објаснувања се исцрпени, суеверието почнува да тропа на голема врата.

Но…!!! Дури и кога некои работи толку многу ќе се поклопат, разумот треба да се бори да најде некакво објаснување и решение, но и да прифати дека некои работи едноставно се случуваат. Не треба да се исклучат можностите за карма, судбина, енергија, виша сила и слично, но не треба така лесно да се донесуваат заклучоци за божествената природа на „нештата“.
Разум. Колку и понекогаш да изгледа тешко да се биде разумен.

Терајте работа

Минатата недела во средата имав лош ден. Следниот веќе почнавте да ме контактирате и да ме прашувате што ми се случило. Дури и вчера на тренинг некои од Вас уште на врата ме гледаа со детективски поглед и ме прашаа со посебен тон: како сум и дали е се во ред.
Тоа е. Кога ќе поставиш висок стандард и кога од први јануари во текот на целата години (години наназад) ќе бидеш секогаш топ насмеан и расположен, доволно е еднаш да „не ти е д’н“ и сите ќе го забележат тоа.
Е сега знаете како ми е мене кога јас Ве гледам барем еднаш неделно во тапа расположение.
Минатата недела во средата имав лош ден. Свенерик пиша дека се разболел. Седум години (од 2003-2010) го следев (некогаш) по два-три семинари годишно. Го сметам за ментор кој доста ми помогнал во Буџинкан. Два пати беше во Македонија и неколку дена поминавме заедно во тренинг и разговор. Не ми е сеедно кога ќе слушнам дека се разболел.
Но чекајте, зарем немам право и јас еден ден (па и два) во годината да не бидам како што треба? Знам. Немам право. Но ете, некои работи ме погаѓаат малку повеќе. А не планирав. Мислев како и секогаш, да ги сокријам сите мои грижи и да дојдам со полна енергија која што ќе се пренесе на Вас и по тренингот ќе си заминете дома насмеани.
Но тој ден се случија и уште неколку „пиздарии“. Даре ми соопшти дека страницата неколку дена ќе ни биде во аут. А јас сум емотивно врзан за се што е врзано за Буџинкан Македонија, па тоа ме дотолчи изгледа.
Но чекајте, важно е Вие да ми бидете како што треба. Јас сум веќе средовечен маж (како грдо ми звучи ова) што работи на многу полиња со полна пареа како дваесетгодишник. Не е ниту чудо некогаш да потклекнам { псссст…ветувам дека нема   }, но бидете ми Вие добри и терајте работа.
Мојата битка е моја битка. Мојата победа е заедничка!!!

Краткиот Пат (Shortcut)

Кои вештини се потребни за да се успее преку краткиот Пат.
Хммм…многу е лошо кога некој што не е компетентен ќе се обиде да даде одговор на вакво прашање.
Сепак, преку примерите од околината и искуството со нив, вреди да се обидам да одговорам.
Прво, треба добро да се наострат ноктите. Онака добро, кога ќе загребат по кожа да не можат да се откачат со месеци. Ама да гребат како што треба.
Второ, добро подмачкување. Само добро подмачкани можат да се „угурат“ онака длабоко у шупак. Ама навистина длабоко, кога ќе влезат, да останат таму се месеци и да неможат да излезат од „рупата“. А и немат потреба, тие што го сакат краткиот пат навистина уживаат во таа темна и влажна средина.
Трето, посипување со шеќер. Ама добро посипани, да можат така квалитетно да се „улизуваат“, така што ќе станат навика и потреба. Да не се може без нивните благи зборови.
Четврто, фрлање образот на буниште. Онака без размислување. Личното и националното достоинство не се воопшто важни. Кога се нема образ се е полесно. Површината каде што се наоѓал образот станува тврда како ѓон, па затоа и може да се шутира. Со ѓон наместо образ, ништо не боли.
Пето и последно. Облекување чизми кои газат се пред себе. Тие се од посебна марка. Не можат да се купат во продавница, туку се добиваат бесплатно откако ќе се совладат првите четири вештини погоре. Со такви чизми можете да газите преку трупови без око да ви трепне.

п.с. Не ми е јасно како Нино Велечковски цели 35 години е на врвот на естрадата со една ипол песна. Како да се клонирал човекот. Го има на сите можни забавни емисии и на сите можни канали.  Ете, тоа е вештина.
Да му се серам на тамбурите…

Сенсеи (седум дена потоа)

Сенсеи дојде и си замина. Ми предаде многу техники и кати кои што треба да ги учам и проучувам во наредниот период. Ми остави многу обврски кои што треба да ги завршам. Среќен сум поради тоа.
Сенсеи дојде и си замина. Во текот на целата година ми напоменуваше дека кога ќе дојде во Македонија ќе полагам за шодан. Го земал во предвид моето претходно искуство со Даито рју (Такума Каи), моето искуство во Буџинкан и фактот што веќе година ипол сум негов личен ученик.
Сенсеи дојде и си замина. И ниту збор не ми кажа за полагањето. Ниту пак јас некогаш ќе му споменам за тоа. Тоа е негова работа. Тој најдобро знае кога јас ќе бидам спремен за шодан. Тоа што јас знам, е дека нема никогаш да побарам да полагам и нема никогаш ниту во еден момент да помислам дека сенсеи греши во однос на било што.
Сенсеи дојде и си замина. Ми текнува, еден мој поранешен ученик зборувал дека заминал бидејќи три години вежбал кај мене, а имал само седми кју. Заслужувал црн појас според него. Но три години вежбање на хартија и три години вежбање во доџо со луѓе и крварење на паркет не е исто. Таквите ученици веднаш наоѓат исти такви учители на хартија кои не крвареле (иако се полни со приказни за нивниот тежок тренинг) и добиваат преку ноќ повисоко звање.
Сенсеи дојди и си замина. Јас нема никогаш да го напуштам сенсеи. Јас нема никогаш да му замерам за било која негова одлука. Јас сум подготвен до крајот на мојот живот да носам бел појас за Даито рју и Оно ха Итто рју. Јас останувам лојален на сенсеи до крајот на мојот живот.
Затоа што едно научив во текот на сиве овие години.
Корју Буџутсу учи на нешто највредно. Лојалност. Лојалност и чест.

Сенсеи

Добредојде во Македонија сенсеи, му се обратив само што се појави од зад вратата на воздушното пристаниште „Александар Велики“.
-Ооо, ајде Игор, одиме на тренинг, возврати додека се ракуваше со мене.
Таков е сенсеи Черта, секој миг го користи за тренинг и за да ми пренесе дел од своето големо знаење во двете самурајски школи за кои е шихан. Ме чуди од каде наоѓа толкава енергија и љубов…
——————————————
Четврток:
-Тренинг од 10.00 до 13.00 часот
-Тренинг од 16.00 до 18.30 часот (и Мацко се придружи)
-Тренинг од 21.00 до 23.30 часот
Петок:
-Тренинг од 07.00 до 09.00
-Тренинг од 11.00 до 14.00 (и Мацко се придружи)
-Тренинг од 20.30 до 22.30 (во Буџинкан Македонија)
-Тренинг од 23.00 до 00.30 часот
Викенд семинар+тренинзи после семинарот
Понеделник:
-Тренинг од 07.00 до 10.00 часот

———————————————–
Вторник (пред половина час):
-Ало, Довезенски тука, д-р Иван ми треба.
-д-р Иван е зафатен, што да му пренесам?
-Сакам да закажам за интервенција, пломбата од забот ми испадна…

————————————————–
Чуството кога сенсеи ќе ти ја избие пломбата од заб со какато гери, а ти само ќе ја голтнеш за да тој не го забележи тоа за да не се грижи непотребно….

Впечатоци

“Thirty years I run Aikido dojo. Simultaneously I run Kendo dojo for 5 years. More than 10 years I run Daito Rju Aiki JuJutsu dojo, but this is one of the best and one of the hardest training that J have ever seen.”
Sensei Certa – Head instructor of European Daito Kai
(after this evening training in dojo of Bujinkan Macedonia)