Миграција

Ок, мигриравме на новиот блог. Букмаркирајте ја оваа адреса, а старата избришете ја.

Неделава што измина, ја започнавме добро. Со основата на Кото Рју, Школото на победничкиот тигар. Како што ви кажав, ќе биде многу напорно, но и забавно.

Во петокот донесовме мала радост некому. Со ситното што го имавме на клубската сметка, направивме коледарски пакетчиња и ги подаривме на најмладите од Центарот за децата од улица. Се израдуваа на благцето најмногу. Тие што имале малку повеќе среќа во животот им помогнаа на тие со помалку.

Вечерва продолжуваме со основите. Самиот збор кажува многу. Основа. Почеток. Темел.

Без добра основа, неможеш да изградиш цврста куќа.

Јас градам  колиби само на преживување.

Оно ха Итто рју

Како што Ви ветив, еве ви снимка од Оно ха Итто рју. Оваа демонстрација е изведена од главната лоза на Оно ха Итто рју, а чичето со белата коса што ги изведува техниките со шинкен (вистински меч) е соке-то на вештината Такеми Сасамори. Забележете ја контролата додека работи со мечот, но и Они Готе (демонските ракавици) на почетокот.

Сигурно забележавте (иако демонстрираат многу напредни кати) дека има сосема мали разлики со нашата Такеда ден (да речеме во ваки но камае).

Како и да е, моќноста и на двете школи е очигледно иста.

Предновогодишна прослава – новогодишна честитка

Ве чекам вечер на домашно винце и колачиња. Да ја испратиме старата и да и кажеме добредојде на новата 2010. Во неа ќе бидеме постари за една година. Зошто тогаш славиме секое лето одново? Зашто си ја арчиме живеачката?
Но годините си носат и некои убави работи. Веќе нема никогаш да се врати 2009, но искуството што ќе долета на крилјата на 2010 исто така ќе биде неповторливо.

Прв пат си е прв пат.

Јануари е посебно исполнет со слави и прослави. Се ужива во јадење и пиење. Онака, хедонистички. Некој ќе качи некое килце повеќе, некои ќе ги напумпа мишелинките од страна, некои ќе стави гума за спасување околу струкот. Ќе боли и желудникот, но и главата посабајле. Внимавајте. Секое претерување има последици. Повторувајте по мене: самоконтрола, самоконтрола, самоконтрола…

Мир за Вас, мир за светот.

Полагање во 2009

Дипломата претставува само парче хартија доколку не ја заслужуваш. Но тоа парче хартија носи огромно задоволство кога знаеш дека е освоено со макотрпна работа и кога чуствуваш дека носиш некакво знаење во себе.
Дипломите во Буџинкан Македонија се токму такви. Сведоци на еден период од Вашиот Пат кон Сонцето, од Вашиот пат кон самоусовршувањето и самоконтролата.

Вчера покажавте дека сте одлични ученици. Утре ќе покажете дека сте одлични водачи.

Се гордеам со Вас.

п.с. Како и секогаш, поради транспарентност, Ве информирам дека средтсвата собрани од полагањето ќе бидат наменети за набавка на нови реквизити, како и за доорганизирање на семинарот со Свенерик во април.

Без наслов, но со повод (како емисијата на МТВ чинам)

Вчера на нашата веб-страница ја објавив Програмата и темата за 2010 година.
Можам да кажам дека за нас, нашата тема е многу поважна од таа на Буџинкан Доџо. Зошто?

Нашата тема е опиплива и реална. Нешто за што сме обучени и спремни. Од друга страна, темата на Буџинкан Доџо е интимна и виртуелна. Таа постои само во светот на соке Хатсуми и се базира на неговите лични чуства и сознанија. А за да можеш да доживееш лични чуства, потребно е многу време да поминеш со некого. Време за кое ќе научиш како тој диши, како мисли и како сонува. Последниве две години соке задава теми кои само тој може да ги разбере. Затоа што се тоа лични чуства кои можеби ние никогаш нема да ги сфатиме. Од друга страна Кото Рју е вистински. Елегантен, но снажен. Толку вистински што и те како се чуствува на кожата, мускулите и коските. Удира до коска.

Сабајлево добив е-маил од Зоки Старото. Вели дека е среќен поради нашата тема. И јас сум среќен мој Зоки. Чудно е колку нинџутсу ме прави среќен, иако татко ми со години на смеа ми вели дека ништо материјално не добивам од тоа. Но затоа добро се познавам себеси. Знам што можам и до каде можам. Духовно сум силен, а телесно цврст. Умот ми е бистар, а сетилата отворени. Духот оштар како меч.
Со почетокот на 2010 ќе почне претставата. Ќе биде смешно кога ќе видам како сите мајсторишта во Буџинкан веднаш ќе почнат да одржуваат семинари за Роккон Шоџо. Пред неколку дена темата е објавена, а веќе сите ја научиле. Така беше и минатата година кога сите предаваа Саино Кон Ки. Како ли научија само после неколку дена. Веднаш влегоа во мозокот на соке и ги извадија информациите од неговиот фајл. Каква вештина.

Поздрав пријатели. Се гледаме вечер на полагање.
Нинпо засекогаш.

Тајните на Нагината Џутсу

Бидејќи денес е работна сабота на ПМФ, ќе ви откријам каде лежат тајните на Нагината Џутсу. Ова е снимка од традиционално доџо за нагината, во кое вежбаат само жени. Читајте го преводот на Баба Сан сенсеи и откријте ги тајните на добриот тренинг.

http://www.youtube.com/watch?v=k9BiuvjUwbI

Среќен роденден Тина

Само што дознав дека на Тина Доковска денес и е роденден.
Среќен ти роденден Тина. Да бидеш исполнета со љубов, здравје и среќа и да остариш во нашиот клуб.
Се гордеам со тебе.

Имам многу ………… и затоа ме нема

И ние имаме многу работа, семејство, девојки, жени, деца, проблеми, но сепак тоа не не спречува да се собираме секој втор ден и да се дружиме, смееме, вежбаме и да ја делиме страста кон боречките вештини.

Во чест на зимската краткодневница

Вечерва точно во 18:47 часот ќе настапи астрономската зима, денот е познат како зимска краткодневница. Зимата ќе трае до 21 март.

Првиот зимски ден е најкраткиот ден во годината со најдолга ноќ. Сонцето денеска изгреа во 7:00, а ќе зајде во 16:07 часот. Месечината зајде во 9:54, а ќе изгрее во 20:56 часот.

Во чест на денешниот ден, техниките вечерва ќе бидат кратки и брзи.