Полагање

(Порано бев изненаден кога Марко ќе напишеше нешто добро на Форум. Сега сум горд поради тоа што успеав да „создадам“ еден здрав, зрел и цврст шодан – И. Довезенски.)

_____________________________________________________

П О Л А Г А Њ Е!

Секогаш кога ќе дојде време за полагање, слушам по некој БИСЕР од страна на некои ученици.

Дечки малку да ви објаснам што значи тој збор.

Прво, го разбирате во буквална смисла и после ни (M&M) поставувате глупави прашања:
– може ли да полагам две кју во едно (мислам хелооооу)
– зошто сум со услов, а немам пропуштено ни еден тренинг последниве
6 месеца
– несакам да полагам… не заслужувам, или, не е во стилот на корју
итн…

Второ, колку пати Сенсеи и Мац имаат спомнато, дека секој ваш тренинг е полагање и дека полагањето е само церемонијално унапредување. Зар мислите дека Сенсеи незнае колку вие знаете, или незнаете. Уште пред да почнете да полагате, тој однапред знае каде ќе згрешите, а каде ќе бидете добри, каде сте најслаби, а каде можете да дадете максимум.
Во ова сум се уверил лично.
Да не заслужувавте, не би биле на список, да заслужувате, сигурно не би биле со услов.

Трето, прочитајте го полагањето меѓу редови и размислете за самиот збор.
Заборавате на вашето однесување,  во доџо, на семинар, на камп или надвор. Ако мислите дека полагате само на тренинг, или, кога е присутен само Сенсеи, тогаш сте се зафркнале.
Кога јас и Мац сме излегле на списокот за полагање, без разлика дали сме биле со услов или не, без разлика дали ни се допаѓало или не, не сме смееле да поставуваме прашања, зошто вака или така. Што ви кажува ова. Само едно. Зборот на Сенсеи е последен. Како каже тој, така ќе биде сакале вие или не. Тој е секогаш во право. Тоа е почит и така се гради доверба. Ваше е да дознаете и откриете зошто е така. Одговорот лежи тука…

Четврто, некои се разочаруваат кога не се на список, некои пак едвај чекаат да полагаат. И првото и второто размислување не ми се допаѓаат воопшто. Ми звучи себично и не ми мириса на „ратнички дух“.
Тие што размислуваат вака, во старт паѓаат на еден тест, на тема што треба да ја полагаат за 1 кју : „Сеишин текки кјојо“.

Со вакво размислување, не го заслужувате кафеавиот оби, ниту пак ќе стигнете до него.

Петто, ако не полагате, неможете да напредувате, ќе стоите во место. Зошто? Па зар би добиле исто деншо некои што имаат 2 кју и некој што е 10 кју, без разлика, кој колку години е во клубот. Тој што дошол до 2 кју, сигурно вложил повеќе од тој што е 10 или мукју.
Впрочем, да не вложил не би бил 2 кју.
Значи “филозофските“ приказни дека не треба да се полага од „дрн дрн јариња“ – паѓаат во вода.

Шесто. Бидете секогаш приземјени и скромни. Бидете исти и на пофалби и на критики. ФУДОШИН (во превод).

Полагате со вашето секојдневно однесување, физичко, ментално и духовно, а не со вашите 10 минути од последниот петок од јуни или од декември.

Се надевам ќе го разберете ова, тие што неможат, нека го прочитаат текстов повеќе пати.

-Марко Опачиќ (MArChEDONIAn!)

Сокри се

„Буџинкан е одлично место за криење на лошите мајстори за боречки вештини“.
Оваа легендарна реченица пред неколку години ја кажа сенсеи Свенерик додека седевме во дворот на манастирот Свети Пантелејмон на Водно. Ќе остане запаметена.

Но дали нешто се измени од тогаш? Дали нешто тргна на подобро?

Не. Напротив. Тргна на многу полошо.

Продажбата на дипломи се зголеми. Нови „клубови“ никнуваат на секој чекор. Секој може да отвори клуб. Без никаков критериум. Доволно е да се „јавите на бесплатниот телефонски број“.

Замислете во некоја сериозна организација, човек без соодветно знаење, без мајсторско звање и степен, да почне да држи часови односно да отвори доџо. Тоа е незамисливо.

Но има сатисфакција за оние што тоа го прават на правилниот начин.

Почит. Никој не Ви се смее зад грб. Никој не може да ви каже „оди сокри се“.
А што со инстант мајсторите? Ништо. И понатаму ќе се множат. Но пораката за нив ќе остане. „Оди и сокри се“.

Поглед напред

Почнаа неофицијалните тренинзи во доџо-то. Неофицијални бидејќи сеуште немаше официјално отворање на кое сите ќе бидат поканети.
Но и тоа ќе биде наскоро.

———————————————-

Во годините наназад секогаш бевме на врвот во поглед на активностите. Секогаш први. Многу тренинзи, меѓународни семинари, семинари во природа…

Така и ќе продолжиме.

Некому, по отворањето на Хомбу Доџо-то ќе му изгледа дека малку претерувам со динамиката на организирање на настани (но тоа се само обични тренинзи). Тоа ќе го прифатам. Ви верувам дека оставам таков впечаток. Но другари, клубот се води со визија. Тоа што денес се случува мене ми е испланирано уште пред пет години. Тоа што денес го планирам, ќе се оствари после пет години. Мојот поглед е насочен напред. Во иднината. И така мора да биде. Тоа е мојата тајна на успехот. Некој мора да оди напред. Да влече, да бутка. Во случајов тој некој сум јас.

И сигурен сум дека некој моето буткање ќе го поврзе со алчност. Некој ќе мисли дека премногу барам. Но сигурен сум и дека некој потполно ја разбира мојата голема љубов и страст кон корју-то. Некои луѓе знаат дека тоа што сум го направил за јапонските боречки вештини во нашата земја нема никогаш да се возврати назад. На ниту еден начин. А најмалку финансиски.

Продолжуваме со активностите. Ќе треба долго време за да се привикнете на новата ситуација. Тоа ми е кристално јасно.

Не мора сите да ме следаат. Не мора сите да учествуваат. Мое е да буткам и да влечам напред. Кој сака нека следи. Кој може нека следи. Не барам помош од никој. Но не ја одбивам помошта од никој.
Јас гледам напред. Јас одам напред. Кој сака со мене, кој може со мене, ајде…

Останатите може да се придружат во секое време.

Напред!!!

Нафуда

Нафуда или Нафуда Каке е обична дрвена табла со мали штички на кои се испишани имињата на членовите на доџо-то. Стилот, формата и материјалот може да се разликуваат од доџо во доџо. Некаде се изработени од најквалитетно дрво со прекрасен дизајн додека во некои доџо-а штичките едноставно се заковани со шајки за некоја поголема даска која што е прицврстена на ѕидот.

Исто така и наменета се разликува од доџо во доџо. Некаде, со самиот упис, Вашето име се запишува на штичката и тоа седи се додека сте активни во доџо-то. Чим го напуштите, штичката со Вашето име се вади од таблата. Во други доџо-а, пред тренингот ја вадите штичката од ѕидот и ја ставате во посебна корпа од која најстариот ученик ги забележува сите присутни во еимеироку (тефтер – записник). По завршувањето на тренингот штичката си ја враќате назад. Во трети доџо-а, штичките со имињата на сите новозапишани ученици, се обесуваат на таблата (нафуда-та) за да се потенцира големината на доџо-то.

Во Пат кон Сонцето, на нафуда-та се обесуваат штичките со имињата на учениците кои положиле за 5 кју. Тие висат на нафудата се додека се членови на доџо-то. Оние кои оставиле навистина голем впечаток и трага во доџо-то, кои направиле многу за Пат кон Сонцето, кои не ги прекршиле правилата на доџо-то, кои се уште одржуваат конекција со нас – нивното име останува засекогаш на ѕидот.

Нафуда е конекција меѓу ученикот и доџо-то.

Инстант шихан и прашина

Последниве две недели се крена голема прашина околу назначувањето на двајца буџинканци од соседните земји за шихани. Проблемот бил во тоа што тие од 5 директно скокнале на 10 дан.
Бев затрупан со едно чудо мејлови од моите пријатели од Србија, информирајќи ме за случката, но и прашувајќи ме што мислам јас за тоа.
Се покренаа и петиции за забрана за одржување на  семинари за шиханите кои го направија чинот на доделување на звања преку ноќ како и неучество на нивните семинари.
Немав отворено интернет неколку дена и сабајлево повторно мејлови во врска со тоа. И истите прашања упатени до мене.
Ова нека биде одговор за сите бидејќи не сакам повеќе да си го губам времето со вакви играрии.

  1. Јас со години пишувам, критикувам и го оспорувам патот по кој организацијата се движи. На тоа добивам одговори дека „ништо не разбирам“, „тоа е специјална тактика“, „кој си ти да кажуваш и критикуваш“ итн. Јас останувам на мојот став. Организацијата нема никаква контрола за квалитетот, ниту стратегија за успешен напредок и издигнување на стандардот. Никој не води евиденција за тоа кој, кога и кај кого положил односно никој не се труди да го проверува тоа.

Сите во Буџинкан го знаат ова за к0е што пишувам, но никој нема муда јавно да зборува за тоа.
И на крајот, ако на Вашето дете му купите пиштол и тоа убие некого, кој ќе биде повеќе виновен: Вие или Вашето дете?

  1. Смешно е кога некој преку ноќ ќе добие 10 дан. Дали Вие знаете што значи да се има 10 дан во некоја сериозна организација?

Ова особено е смешно за некој што знае како тие работи одат во Буџинкан. Но зошто сега сите ги обвинувате само тие кои што добија 10 дан (директно од 5)? И зошто јавно не излезете да искритикувате или да си дадете оставка од организацијата?

Јас ќе Ви одговорам. Затоа што сите ние некогаш сме скокнале или сме добиле звање кое што реално не го заслужуваме. Затоа што не секогаш сме полагале за тоа звање, туку ни било донесено од некого. Затоа што знаеме дека во организацијата и нема стандардна програма за полагање која би важела за сите подеднакво.

  1. Ова не го пишувам за да ги одбранам тие што добија 10 дан. Јас и немам никаква причина за тоа. И мене ми е смешно тоа напредување од 5 за 10 дан за една година.

Но размислете. Тие се веќе доволно казнети. Казнети се со тоа што се тотално екскомуницирани од сите збиднувања во своите земји. Казнети се доволно со тоа што сите им се изругаа за нивното звање. Казнети се со тоа што сите ги озборуваат по разни Форуми и слично. Казнети се со сознанието дека имаат 10 дан, а самите знаат дека тешко би излегле на крај со еден полупрофесионален борец. Казнети се со тоа што цел живот ќе должат некому и ќе го носат товарот пред учениците дека тие за една година скокнале пет дан-а. Тие ученици веќе потајно се сомневаат во целата организација (Буџинкан Доџо) и размислуваат за нејзино напуштање.

  1. Ве молам не ми праќајте повеќе линкови од дискусии на оваа тема. За мене таа е затворена уште пред многу години. Тоа што јас со години го зборував, Вие сега се обидувате да го обзнаните. Тоа што ТИЕ го направиле не е ниту ново, ниту пак се први и единствени. Сите ние заедно го уривавме со години угледот на нашата организација. Не е виновен само тој што прима звање, туку и тој што го дава истото. Впрочем, повторно ќе кажам, сите ние некогаш сме примиле звање кое што не сме го заслужиле. Мене воопшто не ме интересира оваа тема и повеќе не одговарам на вакви прашања.